Твитерџиите за Евровизија: „Тамара за Мадона е Калиопи“


Холандскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“, победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, што се одржа во Тел Авив, Израел. Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud („Горда“), се пласираше на осмото место, и го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија.

Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка.

Северна Македонија доби 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија, а Тамара во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата.

Тодевска гласањето на жирито го заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, а на крајот по гласањето на публиката се пласираше на осмото место.

Ви пренесуваме дел од најкреативните твитови: