(ВИДЕО) Исланѓаните со палестински знамиња среде Израел


Исландските претставници на годинешната Евровизија го искористија моментот на внимание за да протестираат.

Додека водителите ги соопштуваа поените од публиката за исландскиот бенд „Хатари“ тие подигнаа палестински знамиња. По ова бурно реагираѓе публиката, а водители се обидоа да продолжат понатаму како ништо да не се случило.

Во перформансот на Мадона повторно се појави палестинското знаме но едно до друго до израелското. Светските медиуми ова го толкуваат како порака за помирување меѓу Израел и Палестина.