По цели 130 години: Килограмот од утре повеќе нема да биде ист


Последните 130 години килограмот како единица мерка дефиниран од физички цилиндар направен од легура на платинум и иридиум, кој се чува во Меѓународното биро за тегови и мерки во Франција.

Меѓутоа, секојпат кога научниците го земале тој цилиндар во рацете, тој губел атоми па се проценува дека сега е 50 микрограми полесен отколу што бил кога бил направен.

Поради тоа научната заедница едногласно усвои нова дефиниција за килограм, која на сила стапува од 20-ти мај.

Од тој датум килограмот официјално ќе се мери како физичка константа наречена Планкова константа. Таа константа го изразува односот во квантната физика помеѓу енергијата и зачестеноста на честичките.

Новата дефиниција е добиена со помош на уред кој се нарекува Киблов механизам, кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на предметот со употреба на прецизно измерени електромагнетни сили.

Оваа одлука има историско значење за научната заедница, но во праксата и во секојдневната примена нема да постојат никакви промени.