Доаѓа првиот електричен пикап на „Тесла“


„Тесла“ годинава ќе го претстави електричниот пикап Компанијата за електрични возила „Тесла Моторс“ има намера годинава да го претстави својот прв електричен пикап модел. Првиот голем настан на „Тесла“ за оваа година веќе се ближи – на 14 март ќе го претстави електричниот кросовер „Модел Y“, а подоцна годинава ќе следи и настан на кој […]

Пендаровски: Северна Македонија ќе биде колатерална жртва ако Србија и Косово разменат територии


Многу е важно следниот претседател на Северна Македонија да ги добие гласовите на Албанците затоа што нашата држава е мултиетничка и мултирелигиозна, затоа рамнотежата и односите меѓу двата народи и двете религии е клуч за нејзината стабилност, вели консензуалниот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, во интервју за хрватски „Jutarnji list“. За […]

На Гинекологија се роди најголемото бебе, тешко 5.700 гр


Минатиот месец на Клиниката за гинекологија со спонтано породување се роди најголемото бебе родено во државата, момче тешко 5.700 грама, а долго 55 сантиметри. Како што инфомираат од клиниката, ова е второ бебе во семејството, испишано е од болница во добра општа состојба.

Кој ќе победи, правото или политиката?


Ерол Ризаов Дали повеќегодишните затворски казни на Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибрахими и другите обвинети, изречени за изборни нерегуларности, ќе бидат сериозна превентива што ќе означи дека секое нарушување на изборниот процес е неисплатлива работа и тешко кривично дело, или во натамошната жалбена постапка ова ќе биде уште еден циркус и деградација на правниот […]

Финансиската индустрија од Британија се сели најмногу во Даблин


Влијанието на Брегзит врз финансиската индустрија во Велика Британија е поголемо од очекуваното, и според најново истражување, повеќе од 275 финансиски фирми се повлекуваат од Велика Британија со вкупно 1.200 милијарди долари. Даблин е најпосакувана дестинација од страна на извршните директори на финансиските фирми, а експертите пресметаа 100 преселби во главниот град на Ирска. Следува […]

Гори нискостеблеста шума и висока сува трева во Липковско


Гори нискостеблеста шума, ливади и висока сува трева на подрачјето на Општина Липково, над браната кон Гошинце, информираа утрово надлежните институции. Пожарот почнал да се шири вчера во пладневните часови, информираше раководителот на кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“, Луан Бајрами. – Утрово наши и екипи на Територијалната противпожарна единица се на терен и се […]

Во Париз започнува судењето на бизнисменот Бернар Тапи за измама


Во Париз започнува судењето на францускиот бизнисмен Бернар Тапи и на пет други лица обвинети за измама и проневера на пари во случајот со арбитражата меѓу компанијата „Адидас“ и банката „Креди Лионе“, јави дописникот на МИА. Арбитражата со која во 2008 година на Бернар Тапи му беа доделени 403 милиони евра за да се реши […]

Скопското обвинителство отвори истрага за дилер на кокаин и хероин


 Од Основното јавно обвинителство Скопје донесена е наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Осомничениот, како што соопшти ОЈО Скопје, набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом […]

Научници докажаа дека луѓето можат да учат додека спијат


Швајцарски научници открија дека луѓето додека спијат можат да запаметат сосема непознати зборови. Додека спие, човекот може несвесно да научи нови зборови и да прави асоцијации со познати концепти. Ова го потврдија швајцарските психолози професорката Катарина Хенке и нејзините колеги Марк Кутст и Симон Рух. Тројцата истражувачи од Берн го извршија следниов експеримент со 41 […]

„Буба“ со потпис на Путин продадена за 20.000 евра


„Буба“ потпишана од рускиот претседател за време на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел, беше продадена за 20.000 евра, а парите се уплатени за добротворни цели. Кнајсел во интервју за „Комерсант“ рече дека „бубата” била продадена на крајот од минатата година на аукција. – Не ни припаѓаше на нам, ние ја добивме само за свадбата, […]

Апликација која вашите фотографии од патувања ги прави совршени


Се наоѓате пред Кремљ и сакате да имате совршена фотографија без метеж од туристи и минувачи во позадина? Со оглед на тоа дека не може десетици туристи да се тргнат од зад вас, постои еден начин вие сепак да се најдете сами на таа фотографија. Имено, нова апликација ќе ви ја разубави фотографијата правејќи long-exposure […]

Во пожари изгореа викендичка во Пехчевско и штала во Тетовско


Три пожари беснееја вчера во Пехчевско, Тетовско и Штипско, при што изгореле една викендичка, штала, а опожарени биле и сува трева, борова шума и насад со модри сливи. Во неделата околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, настанал пожар пред викендичката во која престојувала К.М. […]

Позитивни реакции во Грција по Спогодбата за отворање нов граничен премин кај Маркова нога


Потпишаната спогодба меѓу министрите Никола Димитров и Сиа Анагностопулу за отворање на новиот граничен премин во регионот на Преспанското езеро, Маркова нога – Лемос, наиде на позитивни реакции во Грција од надлежните органи во локалната самоуправа. Алтернативната шефица на грчката дипломатија, префектот на периферијата Западна Македонија, како и градоначалникот на Преспа, го изразуваат нивното задоволство […]

Grupet e punës të LSDM-së dhe VMRO-DPMNE-së do t’i konfirmojnë projektligjet për prokurorinë publike


Grupet e punës të LSDM-së dhe VMRO-DPMNE prej nesër do të punojnë në projektligjin e ri për prokurorinë pubike me të cilin parashikohet integrimi i  Prokororisë  Speciale Publike, paralajmëruan pas takimit të sotëm kryeministri Zoran Zaev dhe lideri i VMRO-DPMNE-së, Kristijan Mickoski. Në takim, ata diskutuan për sigurimin e kushteve për mbajtjen e zgjedhjeve të […]

На Скопје му се случи екогеноцид


Огромното бетонско чудовиште што се гради на раскрсницата кај „Скопјанка“, на местото на детското игралиште и локалниот парк, е последниот атак на едвај преостанатата зелена површина во овој дел од Аеродром, кој некогаш важеше за зелена населба. Меѓу новите стотина згради што се изградија во овој реон едвај има понекој квадратен метар зеленило со заштитна […]

По несреќата во Етиопија, приземјени 100 авиони


Кинеското цивилно воздухопловство им нареди на сите авио-компании привремено да ги запрат летовите на авионите „Боинг 737 Мах 83. Овој потег следи по авионската несреќа во Етиопија, кога падна еден таков авион, а одлуката ќе биде на сила девет часа. Како што појаснија, се работи за безбедносна мерка, затоа што тоа е втора несреќа на […]

Силјановска „пука“ по „Северна“, Пендаровски ќе помирува


Иако кампањата за претседателските избори официјално започнува на први април, кандидатите веќе наголемо крстарат низ земјата. Кандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски, кој вчера беше во посета на Битола, сè уште предизвикува публицитет во јавноста со аферата „следење“, додека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова, која викендов беше во Прилеп и Крушево, сè подлабоко се вкопува во […]

Уште четири дена увид во Избирачкиот список


 На 14 март истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дијаспората. На овој датум завршува и поднесувањето на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список. Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, во време од 08:30 […]

Црна Гора забрани работа во недела и на празници


Владата на Црна Гора ги усвои измените на Законот за внатрешна трговија со кои се забранува работа на продавниците на големо и на мало во недела и за празник. Позитивна вест е што околу 37.000 вработени во секторот на трговијата ќе имаат слободни денови, наведува Владата на Твитер. Неопходните објекти за непречено функционирање на општеството […]

(Видео) Откажани летови во Германија поради бура, загина еден човек


Бура со оркански ветар ја погоди Германија во неделата, што доведе до откажување и одлагање на авионски летови, особено на западот од земјата. Полицијата соопшти дека 47-годишен возач загинал кога на неговиот автомобил паднало дрво во Бествиг, на околу 100 километри североисточно од Келн, пренесе АП. Железничката компанија „Дојче бан“ соопшти дека го сопрела регионалниот […]