Апликација која вашите фотографии од патувања ги прави совршени


Се наоѓате пред Кремљ и сакате да имате совршена фотографија без метеж од туристи и минувачи во позадина? Со оглед на тоа дека не може десетици туристи да се тргнат од зад вас, постои еден начин вие сепак да се најдете сами на таа фотографија.
Имено, нова апликација ќе ви ја разубави фотографијата правејќи long-exposure сникми на лесен начин.
Oвој начин на фотографирање е идеален ако сакате да сликате ноќно небо или пејзаж. Тoа значи дека може да ја трансформирате фотографијата од одмор така што ќе ги тргнете луѓето или другите објекти кои се движат. Сепак, за таква фотографија потребна е опрема и многу време.
Затоа апликацијата Spectre, достапна на iOS ви дозволува да сликате  long-exposure фотографии користејќи вештачка интелигенција која фотографијата ја прави совршена.
Апликацијата е достапна по цена од 1,99 долари, а за само неколку дена се качи на врвот на листата најпопуларни во доменот на фотографијата на AppStore.