Доаѓа првиот електричен пикап на „Тесла“


„Тесла“ годинава ќе го претстави електричниот пикап
Компанијата за електрични возила „Тесла Моторс“ има намера годинава да го претстави својот прв електричен пикап модел.
Првиот голем настан на „Тесла“ за оваа година веќе се ближи – на 14 март ќе го претстави електричниот кросовер „Модел Y“, а подоцна годинава ќе следи и настан на кој ќе дебитира електричниот пикап.
Точниот датум за претставувањето уште не е познат, а единствениот ривал на „Тесла“ на полето на електрични пикапи најверојатно е R1T на компанијата Rivian. Оваа компанија привлече внимание со претставувањето на својот електричен пикап на ланскиот Саем за автомобили во Лос Анџелес.
Компанијата „Тесла“ на Елон Маск пред неколку дена ја претстави 3.0 верзијата на својот суперполнач за електрични возила.