Финансиската индустрија од Британија се сели најмногу во Даблин


Влијанието на Брегзит врз финансиската индустрија во Велика Британија е поголемо од очекуваното, и според најново истражување, повеќе од 275 финансиски фирми се повлекуваат од Велика Британија со вкупно 1.200 милијарди долари.

Даблин е најпосакувана дестинација од страна на извршните директори на финансиските фирми, а експертите пресметаа 100 преселби во главниот град на Ирска. Следува Луксембург (60), Париз (41), Франкфурт (40) и Амстердам (32).

За Франкфурт, посебно се одлучиле банките, додека за Амстердам трговски платформи и трговски куќи. Овој број ќе продолжи да расте во наредните години, а шефот на истражувачкиот центар „Њу Фајненшл“ (New Financial), Вилијам Рајт вели дека Лондон како финансиски центар е изненадувачки многу погоден од планираниот излез од Европската унија.

– Ова ќе го намали влијанието на Британија во европската финансиска и банкарска индустрија, даночните приходи од индустријата и извозот на финансиски услуги во ЕУ, рече Рајт.