Отсуството на обвинителката Стефановска го одложи рочиштето за „Траекторија“


Судењето за предметот „Траекторија” што се однесува на постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид продолжува на 13 март, откако денешното рочиште беше одложено поради спреченост да присуствува на обвинителката од СЈО, Лиле Стефановска. Судијата Горан Бошевски, на почетокот информира дека обвинителката Стефановска го известила телефонски дека не е во состојба […]

Тирана под опсада, полицијата спречува немири на демонстрациите


Тирана од рано утрово е практично под полициска опсада со оглед на тоа дека напоредно со заседавањето на парламентот закажан е опозициски протест. Повеќето пратеници почнаа да се собираат во Парламентот еден час пред почетокот на сесијата, за да избегнат средба со демонстрантите. Медиумите пренесуваат дека на граѓаните не им е дозволено слободно да се […]

Силјановска за „Независен“: Не ветувам инстант решенија, туку битка за правда на Македонија


Професорката Гордана Силјановска – Давкова ги продолжува своите активности во битката за претседател на државата, а новина за неа е тоа што од викендов знае оти противник во трката за Водно ќе и биде Стево Пендаровски. Нивниот професорски бекграунд, барем засега, остава впечаток дека претседателската трка ќе помине без вообичаената црна кампања, напади и дисквалификации […]

Бизнисот е клучот за решавање на проблемите на Балканот


Не смее да се дозволи политичките спорови да влијаат врз бизнисот во Западен Балкан. Регионалната економска соработка е неопходна за да можат компаниите од Западен Балкан да бидат поконкурентни на пазарот и да се приближат кон Европската Унија. Бизнисот е клучот за решавање на проблемите на Балканот. Таква порака упатија претставниците на Коморскиот инвестициски форум, […]

(Видео) Швеѓаните преку музички спот се исмеваат со Исламска држава


Музички видео-спот кој ги исмева џихадистите и Исламска држава предизвика остри реакции во јавноста во Шведска. Националната телевизиска мрежа СВТ, која го објави спотот, е на удар на гневни коментари во кои се бара забрана на спотот. Сатиричното видео прикажува шведски државјани кои одлучиле да се приклучат на ИД, а во него со хип-хоп музика […]

Почина еден од најпознатите сериски убијци во САД


На 85-годишна возраст почина Хуан Корона, еден од најпознатите сериски убијци во САД. Тој служеше доживотна казна затвор за 25 убиства во Калифорнија. Во моментот кога беше уапсен, во 70-те години од минатиот век, Корона беше серискиот убиец кој во САД одзел најмногу животи. Американските медиуми објавуваат дека се сомничи оти извршил и други убиства, […]

Вардар против Мешков во последниот дуел пред домашна публика во СЕХА Лигата


Екипата на Вардар денеска од 17.15 часот во СЦ „Јане Сандански“ го игра последниот натпревар сезонава пред домашна публика во СЕХА Лигата. „Црвено-црните“ изглегуваат во дербито на регионалната лига против Мешков, а до крајот имаат уште гостувања кај Нексе и Извиѓач. Актуелниот шампионот во ова натпреварување ќе настапи вечерва без тројца играчи – Кристијан Дисингер, […]

Форбс: Безос – најбогат маж, Бетенкур Мејерс – најбогата жена


Англија – Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос е најбогатиот маж во светот, чиј имот се зголемил за 19 милијарди долари во последната година и сега изнесува 131 милијарда долари, објави „Форбс“. Списанието наведува дека она што не е познато е дали Безос ќе биде симнат од „тронот“ на најбогатите по разводот од долгогодишната сопруга Макензи. Доколку […]

Вера Мештеровиќ е убавицата од новиот спот на Владо Јаневски „Откако си негова“


Мис на Македонија за 1996 година Вера Мештеровиќ ја игра главната улога во спотот на новата песна на Владо Јаневски „Откако си негова“ што ќе се промовира денес во Скопје, а е во режија на Дарио Јанковиќ. Промоцијата воедно ќе биде и прес-конференција за претстојниот концерт на Јаневски на 16 март во ВИП Арената „Борис […]

Најголемите хитови на „Љубојна“ во издание на „Кроација рекордс“


Македонскиот етно состав Љубојна деновиве под етикета на водечката дискографска куќа во регионот – Кроација Рекордс, ја објави својата The greatest hits колекција, на која се најдоа 12 песни од сите фази на бендот. Од Кроација Рекордс, која во Македонија се врати по цели 27 години, најавуваат дека албумот наскоро ќе се најде и во […]

Промоција на „Богородица Перивлепта“ од академик Грозданов


Истражувачкиот центар за културно наследство при Македонската академија на науките и уметностите и издавачката куќа „Матица македонска“ денеска напладне во МАНУ ќе ја промовираат монографијата „Богородица Перивлепта (свети Климент) во Охрид“ од академик Цветан Грозданов. Промоцијата со поздравно обраќање ќе ја отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а изданието ќе го промовираат архиепископот охридски и македонски г.г. […]

Од 2021 година во ЕУ се укинува поместувањето на стрелките на часовникот


Белгија– Со 23 гласа „за“ и 11 „против“ Одборот на Европскиот парламент вчера донесе резолуција со која од 2021 година во цела Европска унија ќе се укине летното и зимското сметање на времето. Земјите-членки сега треба да се координираат и до април 2020 година да одлучат дали ќе останат на зимско или летно сметање на времето. […]

Сончево и топло


Времето во Македонија ќе биде сончево. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 14 до 21 степен. Во Скопје, слично време, сончево, кон крајот на […]

Патот до Водно e полесен без партиска книшка


Со сосема различни профили на претседателски кандидати, двете водечки партии од власта и од опозицијата ќе си ги измерат силите на претстојните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 21 април. Откако обезбедија предност во внатрепартиските битки, Гордана Силјановска и Стево Пендаровски влегуваат во меѓусебен дуел за претседателскиот трон. Освен што се правници по […]

Хилари Клинтон нема да учествува на претседателските избори во 2020 година


САД- Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон изјави дека нема да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година, јави Си-Ен-Ен. Со тоа таа стави крај на шпекулациите дека ќе учествува во претседателската трка во 2020 година. Клинтон додаде дека планира да продолжи да работи и да ги брани своите убедувања и потенцираше дека ужива […]

Соработка на Амазон веб сервисес и Семос едукација


Соработка на светски познатата компанија Амазон веб сервисес и на домашната Семос едукација ќе биде најавена денеска во Скопје. Соработката е најавена како значајна за компаниите во државава и регионот. На промоцијата на планираните активности се најавени обраќања на министерите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски и Мила […]

Во Кривичен судење за „Траекторија“ и „Транспортер“


Во Кривичен денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Траекторија“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. На обвинителна клупа денеска, исто така, треба да […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Среде необични и убави изненадувања, денес се чувствувате добро: работите со луѓе со кои имате заеднички афинитети и го користите личниот напор на секој поединец. Пред вас е ново кармичко поглавје и нема место за брзање. Од вас се бара истрајност и разбирање, затоа слушајте што ви говори срцето. Расподелете ги задачите. БИК: Со Јупитер во […]

Средба Џафери-Рикер: Констатирани одлични односи меѓу двете земји


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД, на која биле констатирани одличните билатерални односи меѓу двете држави, заокружени со Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка во 2008 година. Џафери, како што соопшти собраниската […]

Reeker: North Macedonia has very much shown its desire


The US policy in the Balkans, including North Macedonia, aligns with the interests and aspirations of the countries in the region, Civilian Deputy and Political Adviser to the Commander of the United States European Command Philip Reeker said Monday in Skopje at a joint press conference with Prime Minister Zoran Zaev. The US policy for […]