Промоција на „Богородица Перивлепта“ од академик Грозданов


Истражувачкиот центар за културно наследство при Македонската академија на науките и уметностите и издавачката куќа „Матица македонска“ денеска напладне во МАНУ ќе ја промовираат монографијата „Богородица Перивлепта (свети Климент) во Охрид“ од академик Цветан Грозданов.

Промоцијата со поздравно обраќање ќе ја отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а изданието ќе го промовираат архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, академиците Владо Камбовски и Георги Старделов и д-р Сашо Цветковски.

Грозданов почина лани, на 83 години.