Форбс: Кендал Џенер е најплатена манекенка во 2018


САД- Манекенката Кендал Џенер (23) како и лани, е најплатена манекенка за 2018 година, според  магазинот „Форбс“. Таа годинава заработила  22.5 милиони долари, речиси двојно повеќе од нејзината колешка Карли Клос, која со заработка од 13 милиони долари го заземала второто место. На Кендал заработката ѝ ја осигурале брендовите како „Есте Лаудер“ , „Aдидас“, „Лонгшамп“ […]

Иванов последен пат се обраќа на 28 декември


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на 28 декември, во 12 часот, ќе има редовно годишно обраќање пред пратениците во Собранието. Известувањето за годишното обраќање на шефот на државата веќе е доставено до Собранието на Република Македонија. Ова ќе биде последно обраќање на Иванов како шеф на државата, бидејќи неговиот мандат истекува на 12 мај […]

Џенет Џексон и „Рокси Мјузик“ во Рокенрол холот на славните


САД- Церемонијата на која седумте нови имиња ќе бидат претставени како нови членови на Рокенрол Куќата на славните ќе се одржи во март наредната година во Бруклин, Њујорк. Покрај Џенет Џексон и „Рејдиохед“, на листата се најдоа уште и „Д Кјур“, Стиви Никс, „Деф Лепард“, „Рокси Мјузик“ и „Д Зомбис“. Седумте нови имиња се придружија […]

ДПМ го распиша конкурсот за традиционалните книжевни награди


Друштвото на писатели на Македонија го распиша конкурсот за доделување на традиционалните награди на македонската писателска асоцијација за најдобри остварувања во 2018 година. Станува збор за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на […]

(Видео) Орбан се тресе, со него и Груевски


На протестот на кој учествуваа неколку илјади Унгарци против новите закони за работни односи и управните судови во Будимпешта, дојде до судир со полицијата, која употреби солзавец и бибер спреј за да ги растера демонстрантите пред Парламентот. Откако поминаа низ центарот на Будимпешта, дел од демонстрантите доцна синоќа се вратија на плоштадот Кошут и покрај повиците […]

Помпео: Приемот на Македонија во НАТО ќе го намали руското влијание


Влезот на Македонија во НАТО ќе ја засили способноста на балканските земји да се спротивстават на „недобронамерните активности“ на Русија во регионот, изјавил државниот секретар на САД Мајк Помпео по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос. Тој нагласил дека САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и верува дека грчкото раководство […]

Го води ли Груевски ВМРО од Будимпешта?


Првите фотографии од експремиерот Никола Груевски во Унгарија отворија нови прашања во Македонија, меѓу кои најважното – ја раководи ли тој ВМРО-ДПМНЕ од Будимпешта? Планира ли Груевски да остане азилант, да избега трајно од органите на прогонот или подготвува терен за евентуално враќање на политичката сцена во Македонија? Според некои изјави од кругови блиски до […]

Трамп се мисли да си го постави зетот за шеф на кабинет


Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста да го именува својот зет, Џаред Кушнер, за нов шеф на кабинетот на Белата куќа, јави „Хафингтон Пост“. Повикувајќи се на свои извори, изданието наведува дека иницијатор на ова назначување е самиот Кушнер, сопруг на постарата ќерка на претседателот, Иванка Трамп, кој бил убеден дека „одговара за таа […]

Гатузо: Јас сум виновен


Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, ја презеде одговорноста за поразот од Олимпијакос во натпреварот од 6.коло од групната фаза на Лигата на Европа. Овој исход во Атина значеше и елиминацијата на Милан од евро-сцената уште пред крајот на годината. – Сакам да им се извинам на навивачите на Милан. Многу ми е жал. Според мое […]

Блумберг: Можно е НАТО и Русија да се судрат на Балканот


Во анализа по повод Акцискиот план за членство на БиХ во НАТО, американската агенција Блумберг предупредува дека следниот судир на НАТО со Русија би можел да се случи на Балканот, нагласувајќи дека Алијансата очекува да прими уште членки од Балканот, каде е „инволвирана во борбата за влијание со Русија“. Во тој контекст, Блумберг укажува дека […]

Македонските граѓани најмногу губат лични карти


Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија најмногу се губат личните карти. Само од почетокот на годинава досега се изгубени 15.682 лични карти, односно се извршени толку објави во „Службен весник на РМ“, вели директорот на ЈП „Службен весник на РМ“, Мартин Костовски. Во истиот период, додава тој, изгубени се 3.748 пасоши, 1.932 дипломи, околу 3.600 […]

Со по 50 евра закуп се користат 879 општествени станa


Владата ја продолжи важноста на одлуката со која корисниците на општествени станови можат да ги откупат со 70 отсто попуст, доколку тоа го направат со еднократна уплата. Во Македонија има 879 општествени стана. Од нив 372 се во Скопје, 100 во Битола, 86 во Струмица, 84 во Прилеп, 21 во Охрид, 22 во Кичево, 6 […]

Не е Гучи, ниту Версаче: „Фешн нова“ е најбаран бренд на „Гугл“


САД – Брендот, кој лани беше на четврто место како најпребаруван бренд на „Гугл“, годинава се искачи на прво место. Модните парчиња на брендот ги носат ѕвездите како Карди Би и Кајли Џенер, а многу други брендови ги копираат. На второ место на листата е „Луј Витон“, па „Версаче“, „Живанши“, „Гучи“, „Александер Меквин“, „Долче и […]

Хамлет на нашата генерација го игра жена


Финишираат последните подготовки за новата претстава на младиот режисер Милош Б. Андоновски. Станува збор за „Хамлет“, текст кој е еден од најпоставуваните на Вилијам Шекспир, но и најпоставуван текст воопшто. Преводот е на Богомил Ѓузел, а драматуршката адаптација на Ивана Нелковска. Претставата е во продукција на „Театарот на Навигаторот Цветко“ и киното „Култура“ и се […]

Облачно и дождливо


Денеска времето во целата земја ќе биде претежно облачно, претпладне со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово 0, Охрод 5, Прилеп 4, Кавадарци 5, Крива Паланка 4, Берово 2, Дојран 7… Прогнозата и за утре е облачно време со […]

САД ја повторија поддршката за Договорот од Преспа


САД – САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и му честитаат на грчкото раководство за неговото постигнување, истакнал американскиот државен секретар Мајк Помпео на средбата во Вашингтон со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос. Во соопштението од Стејт департментот издадено по средбата се вели дека Помпео му честитал на Катругалос за излегувањето на […]

Амнестијата ќе ги претрка пресудите


Законот за амнестија ќе го претекне објавувањето на судските пресуди за насилствата во парламентот. Пратениците по брза постапка ќе им дадат помилување на своите колеги, кои лани ги отворија вратите на законодавниот дом, по што тие ќе бидат избришани од судската постапка и нема да слушнат дали и каква затворска казна ќе ги дочекаше доколку […]

Косово од денеска со војска


Косовското Собрание денеска треба да ја одржи седницата на која ќе се изгласаат законите за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во оружени сили на Косово. На дневен ред на пленарната седница на косовскиот Парламент, закажана за 10 часот, откако во минатите неколку месеци беа завршени законските процедури, ќе се најдат предлог-законите за ФСК, за Министерството […]

Обвинителството ќе изнесува докази на рочиштето за „27 април“


Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази од Обвинителството. Вчера во судот исказ даваше сведокот Методија Илиевски, предложен од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен. Тој рече дека седум години го знаел Богдан и го опиша како воспитан, културен и многу чесен човек. Методија […]

„Топлик“ и „Титаник 3“ на СЈО денеска во Кривичен


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Топлик“ и „Титаник 3“. Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица. Според обвинението на СЈО, првоосомничениот […]