Џенет Џексон и „Рокси Мјузик“ во Рокенрол холот на славните


САД- Церемонијата на која седумте нови имиња ќе бидат претставени како нови членови на Рокенрол Куќата на славните ќе се одржи во март наредната година во Бруклин, Њујорк.

Покрај Џенет Џексон и „Рејдиохед“, на листата се најдоа уште и „Д Кјур“, Стиви Никс, „Деф Лепард“, „Рокси Мјузик“ и „Д Зомбис“. Седумте нови имиња се придружија на рокенрол елитата откако го исполнија главниот услов – 25-годишна врвна музичка кариера.

Посебен е случајот на Џенет Џексон, која е една од ретките изведувачи кои се примени во Куќата на славните како дел од група и како соло-изведувач. Кога нејзиното име беше објавено, веднаш стигнаа реакции дека оваа чест требало да ѝ се оддаде многу одамна. Пред да ја започне соло-кариерата, таа беше дел од групата „Џексон Фајв“, заедно со Мајкл Џексон.