Василевски побара протестното писмо да го пратат во ВМРО-ДПМНЕ


Припадниците на Движењето против уставните промени „Македонија Блокира“ и вечерва продолжија со доставување протестни писма до пратениците на опозицијата кои гласаа за отворањето на прашањето за уставни измени. Тие ги посетија домовите на охридските пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на кои им го предадоа писмото во кое се апелира од нив како народни избраници […]

Поддржан амандманот со кој и се гарантира територијален интегритет на Грција


Со 10 гласови за и два против, собраниската Комисија за уставни прашања доцна попладнево го поддржа амандманот 35 со кој се предлага додавање нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседните држави. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска после попладневната пауза во своето обраќање на Комисијата постави повеќе […]

Третина од Американците „флекситаријанци“


Една третина од Амерканците, или 31 отсто, се сметаат себеси за „флекситаријанци“ – луѓе кои главно употребуваат растителна храна а месо и други животински продукти користат умерено. Меѓутоа, речиси две третини од населението во САД (59 отсто) најмалку еднаш дневно употребува месо во исхраната. Ова се резултати од најновата анкета спроведена од фирмата „УанПол“ за […]

Филипче: Воведовме три нови типови на инсулин, еден за деца


Министерство за здравство воведе три нови типови инсулин кои се најнова генерација лекови. Еден од нив е наменет за децаta, а станува збор за Тресибатаж, рече министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, што се одржа во пресрет на 14 Ноември, Светски […]

Време на промени – и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, најави кадровски промени во својот кабинет, а неофицијално не се исклучува можноста и за реорганизација во владејачката партија. Неговиот главен опонент Христијан Мицкоски, пак, се враќа од самитот на ЕПП во Хелсинки со опомена поради досегашната неконструктивност во однос на спроведувањето на договорот од Преспа и кочењето на […]

Блокада на влезот во Струмица против отворање на рудникот „Иловица-Штука“


Со двочасовна блокада на крстосницата на влезот во Струмица од правците на Валандово и граничниот премин Ново Село, активистите на Здружението „Здрава котлина“ и граѓани од Струмичко уште еднаш го искажаа своето спротивставување на отворање на Рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“ на компанијата „Еуромакс Рисорсис“. Според организаторите, целта на блокадата е на сите надлежни […]

Бугарија и доставила на Македонија над 30 страници со забелешки за учебниците по историја


Бугарија достави над 30 страници со забелешки на учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. На пратеничко прашање во бугарскиот Парламент, Захариева рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состанока, а третиот треба […]

Поголема побарувачка отколку тутун за откуп


Со верификацијата на мострите тутун и со определувањето на повереници на откупните пунктови и на вагите, привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот од годинашнава реколта. Останува деновиве Државниот земјоделски инспекторат, кој е веќе на терен, да ги провери условите за откуп на пунктовите во земјава. Според професорот Мирослав Димитриески од Институтот за тутун […]

Макрадули: Возилата ќе имаат еколошки налепници


Црвена, жолта и зелена еколошка налепница на возилата е новата мерка за аерозагадувањето којашто ја најави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Трошокот за налепниците ќе биде на граѓаните, а ќе можат да ја добијат по соодветната контрола и тоа веднаш по донесувањето на законот. -Зелената се однесува за хибридните, електричните и […]

Камчев бил сместен во пристојна „хашка соба“


Бизнисменот Орце Камчев, кој вчера заврши во притвор како осомничен во новата истрага на СЈО „Империја“, е сместен во една од шесте „хашки соби“, во истражниот затвор „Скопје“, кои според условите важат за привелигирани соби, јавува „Фокус“ повикувајќи се на добро упатени извори. Според информациите, останатите четворица, Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски, Цветан Панделески и Зорица […]

Дедо и внук повредени во сообраќајка кај Радовиш


Дедо и внук од радовишкото село Лубница, општина Конче се повредени утрово околу 10 часот во сообраќајна несреќа, што се случи на патот Радовиш-Струмица. Во возилото биле 21-годишниот внук и неговиот дедо (71). Дедото е задржан во штипската болница, а внукот е префрелен во Клиничкиот центар во Скопје. Според првичните сознанија нивното возило се превртело […]

Мовембер


Лејла Сабит Биди машко, па оди на преглед. Не пуштај само мустаќи, туку подигни ја свеста. Знаеш ли, ова е месец на машкото здравје, и сите останати 335 дена. Не е сè во изгледот, здравјето пред сè. Кога си млад, не знаеш, во зрелите години ќе дознаеш. Културата на здравјето и на живеењето се учи […]

Марш за обединување на Прешевската Долина со Косово


Косовското здружение „Чамериа“ организира денеска во Приштина „Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово“, односно за поддршка на намерата на косовскиот претседател Хашим Тачи ова прашање да го постави на маса на преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Маршот е закажан за во 11 часот а ќе се […]

Ахмети гласаше против Груевски


Али Ахмети го стисна зеленото копче „за“ во Собранието за да му биде одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој правосилно е осуден на двегодишна затворска казна поради случајот „Тенк“. Осумгодишните партнери во Владата неславно ја завршија својата соработка, што почна да се ниша по неуспешниот обид да формираат коалиција по парламентарните избори во 2016 […]

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска судството“ работи под диктат на Заев


Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството, реагираат од партијта на Груевски, откако судот му ги одби сите жалби за одложување на казната и тој мора да се јави во затворот […]

Камчев стигна пред Груевски во Шутка


Новинарските елипи доцна по полноќ пред истражниот затвор во Шутка го чекаа поранешниот премиер Никола Груевски, но неколку часа по полноќ наместо Груевски во затворот во Шутка со возила беа донесени бизнисменот Орце Камчев и неговите четвроица соработници. Решенијата за одредените притвори од страна на судија на претходна постапка, како што не информираа од СЈО, […]

Хуманитарен интернационален хепенинг во Веро центарот


Десетиот по ред хуманитарен интернационален хепенинг – Интерскопкејкс 2018, ќе се одржи денеска напладне во Веро центарот во Скопје, во организација на Град Скопје во соработка со хуманитарната организација Ангелчиња-ХОА. На хепенингот што претставува натпревар на учесниците во изработка и декорација на торти, посетителите ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматерите и професионалците […]

Судот одлучи – 30 дена притвор за Орце Камчев


Доцна вечерва судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој е првоосомничен во новата истрага на СЈО, „Империја“. Притвор им е одреден и на останатите четири лица кои заедно со Камчев беа изведени пред судија на претходна постапка, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделески и на Тодор Мирчевски. Во новата […]

Судот не го најде Груевски дома, неизвесно кога ќе стигне во Шутка


Судскиот доставувач вечерва и по втор пат не го нашол дома поранешниот премиер Никола  Груевски за да му го достави решението и лично да го извести за одбивањето на неговата жалба и дека треба да се јави на издржување на  двегодишната затворска казна во затворот во Шутка. Иако десетици новинарски екипи го чекаа Груевски пред […]

Заврши распитот на Камчев, одлука за притвор по распитот на сите осомничени


Доцна вечерва заврши распитот на бизнисменот Орце Камчев пред судија на претходна постапка. Освен Камчев распитот заврши и за осомничениот Ненад Јосифовиќ, а во текот на ноќва на распит се и осомничените Зорица Арсовска, Цветан Панделески и Тодор Мирчевски кои СЈО кривично ги гони во предметот со кодно име „Империја“. Откако ќе заврши распитот на […]