РПЦ ја прекинува евхаристичката комуникација со Цариградската патријаршија


Светиот синодот на Руската православна црква (РПЦ) на денешното заседание во белорускиот главен град Минск, донесе одлука за целосен прекин на евхаристичката комуникација со Цариградската патријаршија. – На заседанието на Светитиот синод беше донесено решение за целосен прекин на комуникацијата со Цариградската патријаршија, изјави по седницата раководителот на Одделот за надворешни црковни врски на РПЦ, митрополитот волоколамски […]

Уапсен сопругот, осомничен за убиство на жената во Мала Речица


Доцна попладнево, во тетовското планинско село Гајре полицијата го пронашла и го лишила од слобода А.К.(53) од Мала Речица кој е осомничен дека минатата ноќ околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал својата сопруга Х.К.(52), информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци при апсењето кај А.К. биле пронајдени и одземени […]

Kapet autori i ngjarjes së rëndë që ndodhi mbrëmë në Reçicë të Vogël


Para disa çasteve është vetëdorëzuar A.K autori i ngjarjes së mbrëmshmë në Reçicë të Vogël, ku la të vrarë gruan dhe një person tjetër. Sipas informatave të Pa Censure, autori A.K është vetëdorëzuar në fshatin Gajre, tek disa pjestarë të policisë dhe të njëjtin e kanë transportuar me forca policore në Stacionin Policor në Tetovë!

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин


Обвинителството во Истанбул побара затворска казна од 12 и пол години за фудбалерот Арда Туран поради нападот врз турскиот пејач Беркај Шахин. Инцидентот се случи минатата седмица во ноќен клуб во Истанбул, а 31-годишниот фудбалер го нападнал пејачот и му го скршил носот. Во ноќниот клуб за време на нападот присуствувала и сопругата на Шахин, […]

Триесетдневен притвор за лицето кое се обиде да прокриумчари дрога преку скопскиот аеродром


Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена на лицето кај кое беа пронајдени околу три килограми марихуана при царинска проверка на скопскиот аеродром. Основното јавно обвинителство Скопје попладнево соопшти дека против лицето кое имало двојно државјанство од Франција и од Косово е издадена наредба за спроведување на истражна постапка поради основано сомнение […]

Расправата за уставните измени продолжува утре


Собранието на Република Македонија ја заврши денешната расправа по Предлогот за пристапување кон уставните измени и новото продолжение го закажа за утре во 11 часот. И во попладневниот дел од расправата власта и опозицијата имаа спротиставени ставови. Опозицијата смета дека Договорот од Преспа е штетен, противуставен и политички мртов, а парламентарното мнозинство повика на одговорност […]

Барселона работи на продолжување на договорот со Меси


Раководството на Барселона интензивно работи на продолжувањето на договорот со аргентинскиот играч Лионел Меси со цел да го задржи во клубот и по 2021 година. Од клубот сакаат да направат измени во договорот на 31-годишниот фудбалер и првенствено да ја отстранат клаузулата која му овозможува да замине по 2020 година без обештетување. Барселона неодамна претрпе […]

Јовановски: Милост може да бара само тој штo е виновен


Актерот Владо Јовановски се огласи на својот фејсбук-профил по денешната распарава во собранието за уставните измени. Премиерот Зоран Заев во воведот на своето обраќање повика на национално помирување меѓу пратениците, со цел постигнување на стратешките интереси на државата. – Милост може да бара само тој, кој што е виновен… Јас не се чувствувам виновен и не […]

Разрешен министерот за внатрешни работи на Косово


Министерот за внатрешни работи на Косово, Бејтуш Гаши е разрешен од функцијата на барање на неговата партија, Алијансата за ново Косово (АКР) на вицепремиерот и шеф на косовската дипломатија Беџет Пацоли, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за косовските медиуми ја потврди извршниот секретар на АКР, Рахим Пацоли, кој нагласи дека партијата […]

VMRO-DPMNE: Kërkojmë drejtësi, e jo amnesti për 27 prillin


VMRO-DPMNE nuk e pranon ofertën e kryeministrit Zoran Zaev që të falë ngjarjet e dhunshme të 27 prillit që ndodhën vitin e kaluar në Kuvend. Nga opozita maqedonose thonë se “27 prilli” është ngjarje e fabrikuar, pa dëshmi dhe argumente. VMRO-DPMNE theksoi se Zaev duhet t’u kërkojë falje familjeve të të akuzuarve dhe pastaj ata t’i shpallë […]

Меркел: Сакаме договор за Брегзит, но не по секоја цена


Германија сака истапувањето на Велика Британија од ЕУ на 29 март следната година да биде уредно со договор, но не по секоја цена, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Говорејќи на Конференцијата на германските извозници во Берлин, Меркел истакна дека се надева оти ЕУ и Велика Британија ќе постигнат договор за Брегзитот, иако во овој […]

Набавени 28 илјади четиривалентни вакцини за сезонски грип


Министерството за здравство набави 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година. Како што информираат оттаму, станува збор за четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови инфлуенца. – Годинава, за првпат се набавуваат вакцини против сезонски грип кои се бесплатни за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како […]

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме правда, а не амнестија за 27 април


ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа понудата на премиерот Зоран Заев за амнестија и помирување на политичките партии за ланските насилства во Собранието. Од опозицијата велат дека „27 април“ е политички фабрикуван случај, без докази, без аргументи и дека е наменет за политички притисоци. „Педесетина луѓе со месеци се предмет на политички прогон, со цел Зоран Заев да […]

Одбивањето да се признае поразот


  Здравко Савески Тешко е да се признае пораз. И во секојдневниот живот и во политиката – тешко е да се признае пораз. Признавањето на поразот е доблесен потег, карактеристичен за луѓе со интегритет. Само тие можат да го признаат поразот. Оние другите, секогаш наоѓаат изговори за својот пораз, секогаш другите им се виновни и […]

Тивката американска граѓанска војна


Румена Бужаровска Специјално за „Независен весник“ Ајова сити, САД – Во екот на скандалот околу изборот на новиот американски врховен судија Брет Кавано, кој е предложен од претседателот Доналд Трамп, во Ајова Сити осамнуваат испечатени листови залепени на бандери на кои пишува „Кавано е силувач“. Покрај декорациите за празникот за Ноќта на вештерките, на прозорците […]

Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп


По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска донесе пресуда за лицето С.М., и го огласи за виновно за сторено кривично дело – Примање награда за противзаконско влијание. Откако и обвинетиот го призна делото, Судот ги прифати аргументите изнесени во обвинителниот акт, и на лицето му […]

Двајца поранешни владини функционери под истрага за злоупотреба на службена положба


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава, донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено со Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство во текот 2016 година […]

Германската „Рајнска филхармонија“ гостува во Македонија


Во рамките на меѓународната културна размена, Германската „Рајнска филхармонија“ под водство на Десар Сулејмани ќе настапи во Македонија. По покана на културното здружение Алегрето, оркестарот ќе настапи во театарот Тетово во рамките на фестивалот „Сцена на класична албанска музика“ на 22 октомври 2018 г. со почеток во 19:30 часот. Влезот е слободен. Изведени ќе бидат […]

Македонија побара екстрадиција за скандалозниот екс амбасадор Перо Стојановски


Министерството за правда деновиве ги испратило документите за екстрадиција на Перо Стојановски, поранешниот македонски амбасадор во Австралија и министер за образование, до австралиските власти.Амбасадорувањето на Перо Стојановски се смета за едно од најскандалозните, бидејќи неговата работа ја следеа љубовни скандали, насилни влегувања во куќи, неплатени долгови низ Австралија и лажирање на тешка болест, пишува МКД.МК. […]

Гостивар: Непознат сторител украл торба со 140 000 денари од спортска обложувалница


Непознат маскиран сторител извршил разбојништво во спортска обложувалница во Гостивар. Сторителот, како што информираат од полицијата, со закана со пиштол од вработениот одзел торба во која имало околу 140 000 денари, по што побегнал. Кражбата се случила вчера во утринските часови. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно […]