Германската „Рајнска филхармонија“ гостува во Македонија


Во рамките на меѓународната културна размена, Германската „Рајнска филхармонија“ под водство на Десар Сулејмани ќе настапи во Македонија.

По покана на културното здружение Алегрето, оркестарот ќе настапи во театарот Тетово во рамките на фестивалот „Сцена на класична албанска музика“ на 22 октомври 2018 г. со почеток во 19:30 часот. Влезот е слободен.

Изведени ќе бидат делата: Третата синфонија од Брамс, „Рапсодија во сино“ од Гершвин како и една премиера. Воведен говор ќе одржи композиторот Фатос Лимани. На 23 октомври 2018 година со почеток во 20:00 часот, оркестарот заедно со македонски музичари со истата програма ќе настапи во Македонската филхармонија во Скопје.
Влезниот билет чини 100 денари.
Концертната турнеја се овозможува со поддршка од страна на културното здружение Алегрето Тетово и Гете Институтот Германија.