Сенаторка го докажа потеклото, Трамп должи еден милион долари


САД- Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен направила ДНК анализа, со која докажала дека има индијанско потекло, откако претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати ја обвинувал дека лаже. Трамп всушност долги години ја обвинува Ворен дека лаже оти има индијанско потекло, а на неговите митинзи ја нарекуваше и „лажна Покахонтас“. Американскиот претседател во јули оваа година […]

Коѕијас: Без Договорот од Преспа не постои решение


Грција- Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во […]

Музејот на Македонија ќе постави изложба за западноафриканската уметност


Музејот на Македонија утре ќе отвори изложба „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“ која ја организира во соработка со Музејот на африканската уметност од Белград. Оваа изложба првпат во Македонија ќе претстави африкански експонати, што претходно можеа да се видат само во светските музеи или во документарните фимови. Музејот од Белград во својата обемна колекција има […]

Верниците на РПЦ нема да можат да се молат на Атос


Русија-Верниците на Руската православна црква нема да може да се молат и причестат во црквите и манастирите на полуостровот Атос во Грција поради расколот на РПЦ со Вселенската патријаршија, соопшти портпаролот на рускиот патријарх Кирил, Александар Волков. – Планинатата Атос е (административна) територија на Вселенската патријаршија и се што оди со тоа, изјави Волков за […]

„Дамата со камелии“ во Македонската опера и балет


Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди. Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски. – Балетската продукција „Дамата со камелии“ наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја […]

Единаесет години без Тоше


Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Како и во изминатите десет години, маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше ќе трчаат маратон и денеска напладне треба да стигнат […]

Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае за убиство на Кашоги


САД – Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае дека исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги по грешка е убиен за време на информативен разговор во Конзулатот на таа држава во Истанбул, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори. Според медиумот, во извештајот се вели дека смртта на Кашоги е резултат на „испрашување што тргнало наопаку“, а […]

Ново рочиште за „Насилство во Центар“, ќе сведочи Саша Богдановиќ


Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во Центар“, каде за поттикнување насилство обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова. Судењето треба да продолжи со сослушување на сведокот Саша Богдановиќ, откако […]

Продолжува судењето за „27 април“


Во Кривичниот суд во Скопје со сослушување на заштитен сведок денеска треба да продолжи судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во своите искази тие ги објаснија нивните дејствија за […]

Заев понуди помирување за двотретинско мнозинство, седницата продолжува и денеска


Со порака за помирување и простување, почнувајќи од настаните од 27 април, кога премиерот Зоран Заев беше цел за напад, а според него, и за линчување, вчера претседателот на Владата во своето обраќање на почетокот на седницата за уставни измени во Собранието ги повика пратениците да гласаат за уставните измени за земјата да влезе во […]

Сончево и топло со температури над просекот


Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала облачност во јужните делови. Ќе дува слаб источен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната од 21 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес се здобивате со лична сила, затоа не бегајте од својата судбина. Престанете да се претворате во нешто помалку од она што вистински сте и ако ви треба помош, побарајте ја. Фокусирајте ја својата енергија и формулирајте јасен план. Имајте самодоверба и истапете. БИК: Месечината во Јарец ги поддржува вашите планови и уживате во изобилство користејќи […]

Refusing to admit defeat


Zdravko Saveski Political scientist and a member of Levica It is difficult to admit defeat. In everyday life, as well as in politics – it is difficult to admit defeat. Admitting defeat is a virtuous move, characteristic of people with integrity. Only they can admit that they have been defeated. Others always find excuses for […]

Атлетичарот Болт добил понуда од голем европски фудбалски клуб


Легендарниот јамајкански атлетичар Усеин Болт, кој започна да се занимава професионално со фудбал, наскоро би можел да потпише договор со голем европски клуб. Болт последните неколку седмици тренира со австралискиот клуб Сентрал коуст маринерс, за кој настапи на неколку натпревари. – Еден европски клуб му понуди на Болт двегодишен договор. Станува збор за клуб кој […]

Случај „Поштенска банка“: Во Македонија со пари од банка се купува банка


Избледеното сеќавање за Поштенската штедилница го освежи новата истрага на Специјалното јавно обвинителство „Поштенска банка“, случај во кој се осомничени двајца поранешни премиери и познати бизнисмени. Според СЈО, криминалот бил направен уште во 2001 година, а истрагата за него се отвора 17 години подоцна. Незаконските дејствија во овој случај ги покажуваат прислушуваните разговори што ги […]

Туск: Да бидеме подготвени дека нема да има договор за Брегзит


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека 27 земји членки на ЕУ кои ќе останат во Унијата по излезот на Велика Британија, мора да бидат подготвени на тоа дека нема да има договор за Брегзит, што е „најверојатно сценарио“. – Да бидам апсолутно јасен. Фактот дека се подготвуваме да нема договор, не води […]

Во Албанија пред затворање 44 портали


По одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да стави крај на нелегалните портали, Агенцијата за електронски комуникации на Албанија (АКЕП) објави список на порталите кои постои опасност да бидат затворени доколку не се регистрираат во Централниот регистер. – На списокот се многу познати портали во земјата и повеќето од нив однесувањето на премиерот Рама го […]

Aleanca për Shqiptarët: Falja kthen Maqedoninë mbrapa


Pas dorës së zgjatur të kryeministrit Zaev për falje dhe pajtim me opozitën, Aleanca për Shqiptarët ka dalë kundër duke thënë se ky hap do të kthente Maqedoninë mbrapa në sistemin e kaluar. Zëdhënësi i ASH Flakron Bexheti tha për televizionin Shenja se institucionet shtetërore aq me tepër ato gjyqësore në një shtet demokratik sic […]

Мејведер го прифати предизвикот на Хабиб Нурмагомедов


Американскиот боксер Флојд Мејведер изјави дека нема ништо против да застане во рингот со рускиот борач Хабиб Нурмагомедов, кој го предизвика пред неколку дена. Нурмагомедов со победата над Конор Мекгрегор ја одбрани УФЦ шампионската титула во лесна категорија, а евентуалниот дуел со Мејведер би му донел голема заработка. Рускиот борач му порача на Мејведер дека […]

Бугарската опозиција бара гласање недоверба за Владата


Главната опозициска бугарска Социјалистичка партија поднесе барање за гласање недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов. Социјалистите како причина го наведуваат фактот дека Владата не успеала да го реформира здравствениот сектор, кој е оптеретен со многу проблеми. Ова е трето барање на социјалистите за гласање недоверба на Владата, а светските меидуми коментираат дека веројатно и […]