Почнува расправата за ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Македонија денеска почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2018 година. За денеска е закажана седница на матичната Комисија за финансирање и буџет, каде согласно деловникот на Собранието расправата треба да трае 10 работни денови. Владата го усвои предлог ребалансот на седница на 13-ти овој месец. Според предлогот на Владата, со […]

Се урна авион со 189 патници во Индонезија


Авион со 189 луѓе потонал, откако се урнал покрај брегот на индонезискиот остров Јава, набрзо по полетувањето од Џакарта, објавија локалните власти. Агенцијата за спасување на Индонезија потврди дека авионот на „Лајон ер“ изгубил контакт со контролата на летање 13 минути по полетувањето. „Сѐ уште не знаеме дали има преживеани“, изјавил шефот на агенцијата Мухмад […]

Променливо облачно со температура до 24 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 24 степени. Во Скопје слично време, со температура од 14 до 23 степени. Под влијание на јужно воздушно струење следува период на топло време со умерен, а повремено ќе дува […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Зошто сте љубоморни на минатите љубовни врски на вашите љубени, дури и на оние со кои туку што се запознале? Обидете се да ги замолчите своите внатрешни стравови, инаку ќе изгорите од страст. Ништо нема да функционира, доколку не им овозможите слобода на партнерите. БИК: Денес сите се волни да простат, па така и вие – […]

Српска актерка пронајдена мртва


Младата српска актерка Ивана Млаѓовиќ (30), која толкуваше епизодна улога во серијата „Село гори, а баба се чешла“ е пронајдена мртва во стан на свој пријател во Крагуевац. Српските медиуми пишуваат дека Млаѓовиќ, која е поранешна „Плејбој девојка“, починала поради предозираност со психоактивни супстанции, а ја пронашле пријателите во чиј што стан била. Покрај неа, […]

Невреме во Италија: Петмина загинати


Четири лица загинаа при свлечиште, предизвикано од поројните дождови во регионот Калабрија, во јужниот дел на Италија, додека еден маж загина во пристаништето Катандзоро откако едрилицата му била однесена од силните ветрови. Поројните дождови и силните ветрови што ја зафатија денеска Италија се очекува утре да се интензивираат уште повеќе. Во повеќе региони во земјата […]

Лилјана Поповска веќе не е прв човек на ДОМ


Пратеничката Маја Морачанин денеска едносгласно беше избрана за претседателка на ДОМ, на Четвртиот конгрес на партијата, кој се одржа под мотото „Зелени вредности – трајна визија“, а на кој присустуваа 300 делегати. На Конгресот беше избран новиот состав на Централен и Надзорен одбор на ДОМ. Морачанин заблагодарувајки се на довербата ја истакна убеденоста дека со тимска […]

Раул Гонзалес: Одигравме многу лошо


Македонија не ја оправда фаворитската улога и претрпе пораз од Грција во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а селекторот Раул Гонзалес изрази загриженост за лошата игра на нашиот национален тим. – Одигравме многу лошо, а не игравме добро ниту против Турција. Денеска против Грција не функционираше ниту нападот, ниту пак одбраната. Иако сите мислеа со колкава разлика ќе ги победиме Турција и Грција, сепак […]

Во престрелка со албанската полиција, убиен Грк


Во престрелка со албанската полиција, во селото Буларат во Албанија денеска беше убиен 35-годишен Етнички Грк. Како што јави дописничката на МИА од Атина, инцидентот и убиството на Константинос Кацифас го потврдија и од Министерството за надворешни работи на Грција, од каде што велат дека наводно со калашников, тој отворил оган кон возило на албанската […]

Лопетеги пред отказ по петардата од Барса


И без повредениот Меси, Барселона го уништи Реал Мадрид со 5-1 (2-0) во големото дерби на шпанскиот фудбал. Стрелец на три погодока беше Суарез, по еднаш погодија Кутињо и Видал, додека кај „кралевите“ почесниот гол го постигна Марсело. Беше тоа одличен натпревар, во кој и актуелсниот европски шампион имаше свои пригоди и пречки, но на […]

Уште една титула до стотка: Федерер победи на свој терен


Швајцарскиот тенисер Роже Федерер ја освои деветтата титула на АТП турнирот од серијата 500 во Базел. Тој во финалето во неговиот роден град во два сета го совлада романскиот тенисер Мариус Копил. Федерер првиот сет го освои со 7:5, додека вториот со 6:4. За швајцарскиот тенисер ова беше 99. трофеј во кариерата.

Македонија шокирана од Грција, Лазаров: Срамота


Македонската ракометна репрезентација доживеа тежок пораз во квалификациите од ЕП 2020 година. Попладнево, подобри од Лазаров и друштвото беа грчките ракометари, кои во Кожани славеа со 28-26 (10-12) и забележаа историска победа, имајќи предвид дека станува збор за репрезентација што е меѓу послабите во Европа и која никогаш не се пласирала на некое големо натпреварување. […]

Реми на Вардар, Шкендија на -2


Вардар одигра реми без голови против Ренова во рамките на 11-то коло од Првата фудбалска лига. За Вардар ова е втор натпревар во низа без победа, но останува да биде лидер на табелата со 24 поени, односно два повеќе од Шкендија. На натпреварот во Тетово актуелниот шампион Шкендија убедливо ја совлада Македонија Ѓорче Петров со […]

Идентификувани жртвите од нападот во Питсбург


Единаесетте жртви од нападот во синагогата во Питсбург, Пенсилванија, се идентификувани. Претставници на власта соопштија дека убиените се на возраст меѓу 54 и 97 години. Меѓу нив се браќа и брачна двојка. Претходно беше соопштени дека се убиени три жени и осум мажи. Сторителот на нападот Роберт Бауерс (46) беше ранет при престрелка со полицијата. […]

Мигрант осомничен за убиство на пет лица во Македонија, уапсен во БиХ


Мигрант, кој пред две недели бил уапсен во Велика Кладуша, Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска, е осомничен за убиство на пет лица во Македонија, пишуваа босански „Аваз“. Началник на тамошното МВР, Мујо Коричиќ, изјави дека во дополнителната истрага било утврдено дека уапсениот мигрант е осомничен за убиство на пет мигранти во […]

Еден милион Британци потпишаа петиција за втор референдум за „Брегзит“


Еден милион луѓе се потпишале петиција, која е иницирана од британскиот весник „Индипендент“, за одржување втор референдум за „Брегзит“, пишува весникот. Петицијата започна пред три месеци откако разговорите помеѓу Лондон и Брисел влегоа во ќор-сокак. Камен на сопнување за излез на Британија од ЕУ беше режимот на контрола на границата меѓу Ирска, која останува членка […]

Писмо од Мијалков до Мицкоски: Добро те запознав, ти си лажен патриот!


Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, упати отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски. Писмото ви го пренесувам во целост: „Со големо разочарување и неверување ја примив веста за мое формално исклучување од партијата. Знаејќи дека е невистина обвинувањето заради кое сум исклучен од партијата, одлучив да оставам да поминат неколку дена за сите […]

Првото породување во вселената закажано за 2024 година


Научниците веруваат дека породувањето во Вселената би можело да стане реалност за шест години, колку тоа и да наликува на научна фантастика. Компанијата „Спејс лајф ориџин“ (SpaceLife origin) со седиште во Холандија објави дека планира првото породување во вселената да се случи во 2024 година, поради што бара доброволци. Портпаролот на фирмата изјави дека мисијата […]

Продавач на сладолед од Пакистан стана несуден милијардер


Пакистанскиот продавач на сладолед Мухамед Абдул Кадир стана милијардер без да е свесен за тоа. Тој бил жртва во случај на измами со отворање лажни банкарски сметки, а една била отворена на негово име со копија од неговата лична карта. Продавачот на сладолед дури откако бил приведен од страна на пакистанските власти дознал дека на […]