Лопетеги пред отказ по петардата од Барса


И без повредениот Меси, Барселона го уништи Реал Мадрид со 5-1 (2-0) во големото дерби на шпанскиот фудбал. Стрелец на три погодока беше Суарез, по еднаш погодија Кутињо и Видал, додека кај „кралевите“ почесниот гол го постигна Марсело. Беше тоа одличен натпревар, во кој и актуелсниот европски шампион имаше свои пригоди и пречки, но на крајот, домаќинот забележа убедлива победа.

Барселона остана лидер на табелата so 21 бод, два повеќе од Атлетикот, додека кај гостите, кои останаа на 14 поени, се чини дека цехот ќе го плати тренерот Хулен Лопетеги, кому му се подготвува отказ.

Ова беше прво „ел класико“ од 2007 година во која не играле ниту Меси ниту Роналдо, кој премина во Јувентус.