Реми на Вардар, Шкендија на -2
На натпреварот во Тетово актуелниот шампион Шкендија убедливо ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 5:1. Шкендија поведе со голот на Висар Муслиу во 42-та минута, а пред самиот крај на првиот дел Бесарт Ибраими зголеми на 2:0.
Во второто полувреме Христијан Кировски го намали резултатот на 2:1, а Бесарт Ибраими со неговиот втор гол во 72-та минута зголеми на 3:1 за Шкендија. Валмир Нафиу со два гола во самиот финиш на натпреварот ги постави конечните 5:1.
На останатите натпревари од колото Академија Пандев со 3:0 убедливо ја победи Беласица, додека Силекс го совлада Работнички со 2:0, а Победа оствари триумф против Шкупи од 2:0.