Уште една титула до стотка: Федерер победи на свој терен


Швајцарскиот тенисер Роже Федерер ја освои деветтата титула на АТП турнирот од серијата 500 во Базел.

Тој во финалето во неговиот роден град во два сета го совлада романскиот тенисер Мариус Копил.

Федерер првиот сет го освои со 7:5, додека вториот со 6:4.

За швајцарскиот тенисер ова беше 99. трофеј во кариерата.