Група „Охрид“: Сега е времето за Македонија, ве повикуваме да кажете „Да“


– „На 30 септември ќе имате можност да направите историски избор. Дали сакате да го отворите патот за членство на вашата земја во НАТО и во ЕУ со поддршка на договорот со Грција? Ние, Групата „Охрид“, ве повикуваме да кажете „Да”. Ова се нагласува во обраќањето на Групата „Охрид“ до граѓаните на Македонија, во пресрет […]

Книга за поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески


„Поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески“ е насловена книгата на Веле Смилевски во издание на „Дијалог“, која е објавена по повод  30-годишнината од објавувањето на тестаменталната стихозбирка „Посланија“ на Блаже Конески, едно од најзначајните остварувања во современата македонска поезија. – Во студијата на Веле Смилевски одредницата послание е поврзувачката компонента во синтетизирањето на значењата […]

Весели: Нема да разговараме за поделба на Косово


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели тврди дека поделба на Косово под ниту едни околности нема да биде тема на дијалогот, и истакна дека финалниот дел од преговорите ќе донесат признавање на Косово и членство во ОН. – Косово ќе учествува во дијалогот, така што финалниот дел од преговорите ќе обезбедат меѓународно обврзувачки договор, што […]

Курц доаѓа во Македонија пред референдумот


Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името, со кој треба да се реши спорот со Грција. Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други […]

„Бојкотирам“ се шири, кампањата се заострува


Кампусот кој се залага за бојкот на референдумот се шири. Додека премиерот Зоран Заев и дел од владиниот состав го почнаа својот годишен одмор, претставници на триесетина невладини организации, политички субјекти, патриотски здруженија, иницијативи од земјава и дијаспората, се обединија почнувајќи кампања под слоганот „Македонија бојкотира“. Ова се случи само три дена откако дел од […]

Бијонсе прва ѕвезда во Барбери со потпис на Тиши


САД-Бијонсе е првата ѕвезда која облече гардероба со потпис на Рикардо Тиши како нов креативен директор  во „Барбери“. На светската турнеја „ On the Run II“ викендов во Њу Џерси облече боди и стилизирана јакна со препознатливиот дезен на Барбери. Ова не е е единствен ѕвезден момент на пејачката. На турнејатаво јули,  поп-ѕвездата облече и […]

Земјотрес во Индонезија, загинаа 82 лица


Најмалку 82 лица загинаа во силниот земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала, кој вчера го погоди индонезискиот остров Ломбок. Илјадници лица се евакуирани од зградите и префрлени во засолништа на отворено. Земјотресот беше почуствуван и на соседниот остров Бали. Индонезиската Влада потврди дека 82 лица загинаа во земјотресот и дека стотици лица […]

Карли Клос и Иванка Трамп идни јатрви: Но колку се блиски тие веќе?


САД– Карли неодамна се сврши на Џош Кушнер, брат на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка и советник во Белата куќа. Кога Иванка ѝ ја честиташе свршувачката на Карли на Инстаграм, таа го нарече моделот „нејзина сестра“. „Пресреќна сум за тебе и Џош!“ пишува Иванка. „Се чувствувам благословена што те имам како сестра Карли и со […]

Две години од поплавите во Скопско


Скопје денеска одбележува две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. По тој повод, под мотото „Да не се заборави и […]

Сончево со температура до 37 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен правец. Според УХМР,  максималната дневна температура ќе се движи меѓу 25 и 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје слично време. Утринската ќе изнесува 17, а максималната дневна 34 степени Целзиусови. Во наредните денови […]

Глобите за царински прекршоци се намалуваат за 75 отсто


За 75 проценти во просек се намалени глобите за царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог, односно за оние кои можат да се платат на лице место. Со измените на Царинскиот закон, соопштуваат од Министерството за финансии, се врши намалување на глобата од 250 евра на 50 евра за правно лице и од […]

ДИК прави измена на роковникот за ценовниците за медиумско претставување


Државната изборна комисија денеска треба да изврши промена на роковникот, со која рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот, закажан за 30 септември, ќе се продолжи до утре. Само овластениот предлагач, односно Собранието има привилегиран пристап до услугите, кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), предвидени со […]

„Кубанска вечер“ на „Охридско лето“


Популарни кубански танци од најразлични жанрови ќе понуди „Екос Фламенго“ групата во рамки на „Кубанската вечер“ предвидена за 26-тиот ден од годинешното фестивалско издание на „Охридско лето“. Станува збор за специјален проект реализиран од страна на Кубанската влада, а во Македонија и на „Охридско лето“ гостува преку соработка и на покана на македонското Министерство за […]

Политички препукувања за тендер за Аква парк во Гостивар


Гостиварскиот огранок на ДУИ ја обвини актуелната гарнитура на локалната самоуправа дека манипулира со јавните набавки и при тоа ги прекршува постапките. Градоначалникот Арбен Таравари ги отфрла овие наводи и децидно вели дека сé е според законските прописи. Во последното соопштение до јавноста од гостиварскиот огранок на ДУИ наведуваат дека последниот тендер за избор на […]

Микис Теодоракис преживеа срцев удар


Грција– Срцев удар преживеал познатиот грчки композитор Микис Теодоракис во петокот кусо пред полноќ. Според грчките медиуми, тој бил итно хоспитализиран, примен во одделот за интензивна нега, каде што останал само неколку часа. Од саботата напладне е во добра состојба и вон животна опасност.

Рекорд: Само вчера над македонското небо имало над 1.000 летови


Над македонското небо вчера се забележани рекордни 1.007 летови, со што втор пат оваа година се надмина бројот на летовите, велат од М-НАВ. Директорот на М-НАВ Николче Тасески изјави дека вчера се остварени вкупно 943 прелети и 64 операции на аеродромите во Скопје и Охрид. – Во првата половина на 2018 година продолжи трендот на […]

На јахта од 90 илјади евра дневно: Наоми Кембел крстари по Јадранот


Хрватска– Супермоделот Наоми Кембел деновиве се одмора на Хрватското приморје . Познатиот ,,Црн Пантер “ заедно со француската актерка Фарида Келфа и дизајнерот за ентериер Винсент Даре крстари по Јадранот во луксузна јахта , чиј неделен наем е околу 90 000 евра. Според објавите на Инстаграм , Наоми во Хрватска пристигнала од Црна Гора на […]

Детален хороскоп: Ракот да се релаксира, Рибите да ги решат проблемите


ОВЕН: Можеби се чувствувате дезориентирано поради завршувањето на долгорочните проекти и сега како брод на отворено море не знаете каде да се зактовите. Планирајте пат. Средба со пријатели. Романтични средби со странци. БИК: Ги завршувате последните чекори на мисијата и пред вас се отвора нова фаза. Промоција, пат, учење на странски јазици и културна размена. […]

Кој го возел џипот од МВР низ Грција?


Џипот „ренџровер дискавери спорт“, кој е во сопственост на Министерството за внатрешни работи, викендов бил во кругот на МВР во Скопје, но министерот Оливер Спасовски треба да провери каде било возилото претходните денови и кој се луксузирал со него по грчките патишта. Фотографијата и видеото со џипот со регистарски ознаки SK-9559-AL на пат кон Грција […]

The crucial referendum on the settlement of the name issue


Zoran Zaev has voiced his intention to step down as prime minister of Macedonia if the majority votes against the agreement for the settlement of the name issue, in the upcoming referendum. However, the country’s prime minister, in an interview with a television channel in Skopje, appeared certain that the overwhelming majority of those who […]