Бијонсе прва ѕвезда во Барбери со потпис на Тиши


САД-Бијонсе е првата ѕвезда која облече гардероба со потпис на Рикардо Тиши како нов креативен директор  во „Барбери“. На светската турнеја „ On the Run II“ викендов во Њу Џерси облече боди и стилизирана јакна со препознатливиот дезен на Барбери. Ова не е е единствен ѕвезден момент на пејачката. На турнејатаво јули,  поп-ѕвездата облече и тазе фустан од високата мода на „Валентино“ презентирана во Париз.

Рикардо Тиши го замени легендарниот Кристофер Бејли кој беше на местото креативен директор цели 10 години и остави траен белег во луксузниот англиски бренд.