Карли Клос и Иванка Трамп идни јатрви: Но колку се блиски тие веќе?


САД– Карли неодамна се сврши на Џош Кушнер, брат на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка и советник во Белата куќа. Кога Иванка ѝ ја честиташе свршувачката на Карли на Инстаграм, таа го нарече моделот „нејзина сестра“.

„Пресреќна сум за тебе и Џош!“ пишува Иванка. „Се чувствувам благословена што те имам како сестра Карли и со нетрпение очекувам среќни спомени што ќе ги создадеме заедно како семејство!

Иванка одамна има блиски односи со Џош. „Форбс“ објави во 2017 година дека двајцата се толку блиски, што Џош ја нарекува Иванка своја сестра, а не негова снаа. Така што нарекувајќи ја Карли „нејзина сестра“ доаѓа природно за Иванка.

Карли и Иванка имаат заедничка страст за претприемништво. Иванка водеше сопствена модна линија скоро цела деценија, додека не ја затвори минатата седмица, а во меѓувреме Карли управува со голем број проекти, вклучувајќи и бизнис договори, свој „Јутуб“ канал и учествува во телевизиското шоу „Бил Нај го спасува светот“.

„Ивнинг Стандард“ известува за нив две кои се пријателки од 2012 година, имаат заеднички пријатели како руската бизнисменка Даша Жукова, која беше во брак со милијардерот Роман Абрамович и Венди Денг, која беше во брак со Руперт Мардок. Иванка и Карли присуствуваа на тенискиот турнир „Ју-Ес оупен“ со Жукова во 2016 година.

Но, Џош и Карли делат различни политички убедувања од Џаред и Иванка; тие се демократи и не гласале за Доналд Трамп во 2016 година, и покрај семејните врски. Една од бизнисите на Џош, „Оскар“ е здравствена компанија изградена околу Законот за достапна здравствена нега, за кој претседателот Трамп вети дека ќе го укине. Двојката дури и присуствуваше на женскиот марш по инаугурацијата на Трамп.

Иванка и Карли не биле фотографирани заедно од нивното појавување тенискиот турнир во САД. „ „Ивнинг стандард“ исто така објави дека Карли одбива да разговара за Белата куќа и за Трамп во интервјуата. Така што, освен ако не сте дел од семејството, невозможно е да се дознае како тие две се сложуваат. Но, може да се обложиме дека, исто како и во сите други семејства, односот е комплициран.