Детален хороскоп: Ракот да се релаксира, Рибите да ги решат проблемите


ОВЕН: Можеби се чувствувате дезориентирано поради завршувањето на долгорочните проекти и сега како брод на отворено море не знаете каде да се зактовите. Планирајте пат. Средба со пријатели. Романтични средби со странци.

БИК: Ги завршувате последните чекори на мисијата и пред вас се отвора нова фаза. Промоција, пат, учење на странски јазици и културна размена. Се појавуваат шанси за нов круг и се ослободувате од предрасудите. Реновирање.

БЛИЗНАЦИ: Со Месечината во својот знак се здобивате со самодоверба и вашата мотивација се враќа. Се здобивате со моментум користејќи ги своите знаења и експертиза и посветувате на проекти кои бараат внимание. Хармонија

РАК: И за вас е дојден периодот за одмор и релокација бидејќи ги завршивте должностите и сега си се посветувате на себе. Контакт со луѓе од различни култури, како и флуидност во интимниот живот. Време е за релаксација и хоби.

ЛАВ: Само што ги добивате последните алатки кои ќе ве доведат до нови можности. Неочекувани шанси, како дар од Универзумот. Патувајте. Изучувајте нешто. Свирете на инструмент или играјте лото. Нешто необично се случува!

ДЕВИЦА: Денешниот распоред е насочен кон перцепција на основните потреби – соочување со старите структури на организиран начин и постигнување на независност. Водете грижа за себе, релаксирајте се и планирајте со саканите.

ВАГА: Верувате во своите капацитети да се одржите себе и да произведете нешто вредно. Реципрочна врска со пријателите и интензивен социјален живот. Размена на идеи, како и простор за акција. Взаемни чувства во љубовта. Добра.

СКОРПИЈА: Минувате низ крупни промени во својот живот и вашите очекувања се менуваат, а вие се ослободувате од вината. Повеќе не мора да се докажувате, туку да се посветите на активностите кои ви чинат задоволство и бидете среќни.

СТРЕЛЕЦ: Станувате свесни за циклусите во природата и добивате увид во вашиот личен циклус – нешто се случи и како допир на судбината, сè ви станува јасно. Изненадени сте, но бидете трпеливи – сè ќе си дојде во својот тајминг.

ЈАРЕЦ: Откривате нови начини за да ги манифестирате своите умешности и дарби – креативни, слободни и со интензивни емоции ја покажувате својата уметност. Вие сте специјални, верувајте си себеси! Некој се вртка околу вас.

ВОДОЛИЈА: Внатрешен мир и чувство на емоционална стабилност – смиреност, изобилство и материјална сигурност. Грижете се за себе во својот дом и бидете уверени при барањето промоција или испити. Одмор. Помирување. Љубов.

РИБИ: Олеснување поради завршување на еден кармички круг, во кој постигнавте многу и се соочивте со траумите. Ослободени од несигурност, ги решавате хроничните проблеми. Резолуција во легалните работи. Нов живот.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]