Пике веќе нема да игра за Шпанија


Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, преку социјалните мрежи објави дека завршил со настапите во шпанската репрезентација. „Разговарав со новиот тренер на репрезентацијата Луис Енрике пред неколку недели и му соопштив дека сакам да ја завршам мојата кариера. Тоа беше прекрасен период во кој го освоив Европското првенство и Светското првенство. Сега целосно ќе се посветам […]

Шкендија и Вардар одиграа реми со четири погодоци во Тетово


Вкупно 11 голови беа постигнати на првите два натпревара од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и Вардар заврши без победник 2:2, додека Ренова во Скопје го совлада Работнички со 4:3. Утре играат: Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. и Силекс – Шкупи. Почетокот на сите […]

Земјотрес од 5 степени по Рихтер ја погоди Албанија, кај нас со најсилен интезитет почуствуван во Дебар


Земјотресот кој поладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југо-западно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Со најсилен интезитет во Македонија, односно со 4 степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, […]

Ракометарите на Вардар подобри од Берлин


По убедливиот пораз од Хамбург на првиот натпревар во пред сезоната, ракометарите на Вардар денеска славеа уште поубедлива победа над Фуксе Берлин. Македонскиот шампион победи со 32:24 (15:13), средбата се играше во рамки на Хајде Куп, каде се уште и Кристијанштад и Лајпциг, а и актуелниот шампион Монпеље. Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасниот […]

Сојата е ГМО, покажа суперанализата


Соините шницли и трошки на „Виталиа“ содржат ГМО. Ова го потврди и суперанализата што ја побара компанијата. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите од суперанализите на сојата, кои се вршеа во референтна лабораторија во Европската Унија, ги потврдија резултатите на првичната анализа со која Агенцијата пред два дена откри дека нивните производи […]

Земјотрес во Албанија, се почувствува и кај нас


Земјотрес во Албанија попладнево ги вознемири граѓаните на Западна Македонија, а се почувствува и во Скопје. Земјотресот е со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е на 42 километри североисточно од Тирана, во реонот на градот Бурел. Освен во Македонија, бил почувствуван и во Црна Гора и Србија. Во моментов нема […]

Производители на сливи протестираа поради ниските откупни цени


Производители на сливи од Радовиш, незадоволни од ниските откупни цени го блокираа патот Радовиш-Струмица. Велат дека целосно е запрен откупот на сливите на откупните пунктови во селата. „Ниту еден откупен пункт не работи. Бараме Министерството за земјоделство да преземе мерки за да се интензивира откупот во наредниот период, односно да се реализира договореното дел од […]

ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата


Фудбалската федерација на Македонија во врска со случајот поврзан со Академијата на ФФМ ги доби резултатите од лабараториските испитувања во медицинската установа „Неуро медика“ според кои седумте деца кои побарале лекарска помош немале труење од храна. – Лабараториските испитувања кај сите фудбалери се во граници на НОРМАЛНИ вредности. Сите фудбалери се во добра општа состојба […]

Потврдено дека локалитетот „Врбјанска чука“ е стар 8.000 години


Археолозите ги завршија годинашниве истражувања на неолитскиот локалитет „Врбјанска чука“ во Кривогаштанско и потврдија дека датира од пред 8.000 години. Бројните наоди го вбројуваат во уникатните, не само во Македонија, туку на Балканот и во Европа. Локалитетот ќе биде претставен на конференции во Шпанија, Швајцарија и во декември во Македонија. Според Гоце Наумов од Центарот […]

Ситни и крупни риби


Во последно време будно го следам новиот хумористичен серијал на Саша Барон Коен, „Кој е Америка“ (Who is America). Со помош на лажни интервјуа, во кои максираниот Коен игра различни улоги, тој ги наведува своите жртви на скандалозни изјави и дејствија кои всушност ја демаскираат нивната шовинистичка, расистичка – и често убиствена природа. Ова демаскирање е […]

The SEC: 251 citizens have filed applications for voting abroad


The State Election Commission (SEC) said Saturday that 251 citizens have thus far filed applications for voting abroad at the September 30 referendum. Of the 251 applications, 127 have been accepted, while 124 are currently being processed, says SEC. Most of the applications have been filed for voting in Bern and Vienna, followed by Ljubljana, […]

Албанци главни снајперисти во Ал Нусра


Снајперисти Албанци се борат на страната на Фронтот Ал Нусра во Сирија и како што самите изјавуваат на фронт заминуваат „според потребата на нивните браќа“. Како што јави дописникот на МИА, ова се наведува во репортажата насловена „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија, објавена на неколку џихадистички интернет медиуми и […]

Статус


Лејла Сабит Моќен збор во Македонија и секаде низ светот. Сè се врти околу него. Ти отвора врати, те кани на гала-приеми, ти обезбедува прв ред, те носи на егзотичен одмор, ти дава клучеви од мерцедес или џип, те вработува, ти врачува диплома, ти обезбедува грантови, ти дава награди и пензии, гага-пијачки и ручеци, убаво […]

Борисов со предупредување до Заев: Големото пријателство ставено на тест


  Само неколку дена откако по вторпат го прославија заедно Илинден, властите во Скопје и во Софија отворија вербална војна околу историјатот на Илинденското востание. Всушност, војната ја објави бугарската страна, а како реакција на изјава на македонскиот премиер Зоран Заев, кој во интервју за МТВ рекол дека востанието во Крушево од 1903 е македонско. […]

Следната недела тендер за инсулин


Министерството за здравство соопшти дека нема да дозволи недостиг од инсулин. Тендерот ќе биде распишан на почетокот на следната недела, сите подготвителни процеси за него се веќе завршени и целата постапка е навремена и соодветно испланирана. Инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018 година е потрошен во месец јули или го […]

Банките ќе ѝ даваат податоци на УЈП за годишните даночни пријави за персоналец


Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава за персонален данок. Од јануари следната година, наместо граѓанинот да ја пополнува даночната пријава, тоа ќе го прави Управата и само ќе му ја доставува на потврда. Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои […]

Газдата на „Агрокор“ Тодориќ, ангажираше српски адвокат


Еден од најпознатите српски адвокати Зденко Томановиќ, потврди дека неговата канцеларија го застапува сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ. „Да, Ивица Тодориќ ја ангажираше нашата канцеларија, но не за одбрана во Хрватска, зашто таму немаме право да браниме, туку за давање правна помош пред меѓународните институции и арбитражи. Во Србија парламентот гласаше дали има даночно затајување […]

Лиценцираните обезбедувачи не работат за 200 евра


Вработените во агенциското обезбедување бараат од агенциите доследно почитување на работнички права, повисоки плати, платена ноќна работа и празници, платено здравствено и пензиско осигурување и други права, информираа на прес-конференција членовите на независниот синдикат на агенциското обезбедување, по повод отварањето на првата регионална канцеларија во Куманово. Независниот синдикат на агенциското обезбедување и независниот синдикат на […]

Четири огласи за закуп на државно земјоделско земјиште


Активни се четири огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопстевност со вкупна површина од над четири илјади хектари, изјави на прес-конференција Соња Трпчевска-Јанковска, портпарол на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – Следниот петок завршува рокот за поднесување на понуди за јавниот оглас за давање на државно земјоделско земјиште по закуп […]

Досега 251 иселеник се пријавил за референдумот


Заклучно со денеска до 12 часот, во Државната изборна комисија доставени се вкупно 251 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство. Како што информираат од ДИК, од нив, 127 пријави се прифатени, а 124 се во обработка. Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, […]