Газдата на „Агрокор“ Тодориќ, ангажираше српски адвокат


Еден од најпознатите српски адвокати Зденко Томановиќ, потврди дека неговата канцеларија го застапува сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ.

„Да, Ивица Тодориќ ја ангажираше нашата канцеларија, но не за одбрана во Хрватска, зашто таму немаме право да браниме, туку за давање правна помош пред меѓународните институции и арбитражи. Во Србија парламентот гласаше дали има даночно затајување кај Мишковиќ, а во Хрватска парламентот изврши национализација на приватна фирма. Иако хрватската држава немаше ниту еден отсто сопственост во ‘Агрокор’, донесе закон според кој во идната година и неколку месеци сопственикот на ‘Агрокор’, Тодориќ нема да може да управува со својата фирма. Тоа сепак не е дозволено, како ни лешинарскиот однос кон ‘Агрокор’, и за тоа ќе се расправа идните неколку години пред меѓународните институции, ама сега е прерано детално да зборуваме за тоа“, рекол Томановиќ за српски „Недељник“.