Досега 251 иселеник се пријавил за референдумот


Заклучно со денеска до 12 часот, во Државната изборна комисија доставени се вкупно 251 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.
Како што информираат од ДИК, од нив, 127 пријави се прифатени, а 124 се во обработка.
Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, во Љубљана – 18, во Торонто – 18, Канбера – 15 итн.
Од ДИК информираат дека податоците од јавниот увид во избирачкиот список ќе ги објават во понеделник.