Производители на сливи протестираа поради ниските откупни цени


Производители на сливи од Радовиш, незадоволни од ниските откупни цени го блокираа патот Радовиш-Струмица. Велат дека целосно е запрен откупот на сливите на откупните пунктови во селата.

„Ниту еден откупен пункт не работи. Бараме Министерството за земјоделство да преземе мерки за да се интензивира откупот во наредниот период, односно да се реализира договореното дел од сливите да одат за откуп и дел за индустриска преработка“, истакна Наце Димитриев, производител на сливи.

Додаде дека годинава сливите се откупуваат по 8 денари, а лани се откупувале и за 20 денари по килограм. Производителите велат дека од Министерството им било ветено дека ќе интервенираат во откупот на сливите како за доматите и бостанот.