Скопјанец повреден откако бил нападнат од непознати лица


Непознати лица вчера нападнале 66-годишен скопјанец и притоа му го оштетиле возилото.  Во полицискиот билтен се наведува дека инцидентот се случил вчера околу 14 часот на улицата „Шуто Оризари“ кога Р.А (66) додека бил во неговото возило „Пежо 308“ заедно со сопругата Џ.А. (55) и ќерката Н.А (29). Се преземаат мерки за целосно расчистување на […]

Пронајден штитеникот од „Ранка Милановиќ“ кој исчезна во понеделникот


Дванаесетгодишниот штитеник на домот „Ранка Милановиќ“ кој исчезна во понеделникот, е пронајден вчера на улицата „Васко Карангелески“. Штитеникот, како што соопшти денеска МВР, во 15:30 часот е вратен во Домот.

В понеделник резултатите од обдукцијата на починатата родилка во болницата во Штип


Раководството на штипската Клиничка болница резултатите од обдукцијата на починатата 28-годишна родилка, Маја Паневска од Свети Николе ги очекуваат најрано во понеделник. Паневска почина вчера во раните утрински часови. – Обдукцискиот наод од Судска медицина ќе ги покаже причините за прераната смрт на родилката Паневска, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. Паневска почина 24 […]

Претставата „Клетници“ на прилепскиот театар најдобра на МТФ „Војдан Чернодрински“


Претставата „Клетници“ на прилепскиот народен театар е најдобрата претстава во целина на годинашниов 53. МТФ „Војдан Чернодрински“, соопшти фестивалското жири на пладневната прес-конференција. Претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на мартин Кочовски се закити со уште три награди: за главна женска улога за актерката Ангела Наумоска, за Горјан Милошевски за современа сценска драматизација на […]

Златна Зора го исклучи од нејзините редови пратеникот кој повика на воен пуч


Националистичка грчка партија Златна Зора пред малку го исклучи од нејзините редови пратеникот Константинос Барбарусис, кој  за време на денешната расправа во грчкиот парламент, повика да интервенира војската за да се спречи “предавството со името” и да ги уапси грчкиот премиерот, министерот за одбрана и претседателот на државата.

Иванов од Софија: Бугарското претседателство го врати интересот на ЕУ за регионот


Претседателот Ѓорге Иванов за време на неговата официјална посета на Бугарија се сретна со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Говорејќи за односите меѓу двете земји, Иванов оцени дека Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија отворил нови перпективи и создал нов амбиент во билатералните односи меѓу […]

Уште е дилема каде ќе се потпише Договорот – сведоци Столтенберг и Нимиц?


Се уште се противречни информациите за тоа кога и каде ќе се потпише Договорот меѓу Македонија и Грција со кој треба да се стави крај на деценискиот спор за името. Засега, извесно е само дека потпишувањето ќе биде викендов. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во недела во […]

Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни


Надеж дека граѓаните ќе гласаат позитивно на референдумот изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“, бидејќи смета дека договорот е добар, вин-вин и урамнотежен. – Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за да […]

Драма во грчкиот парламент: Златна зора повика на воен пуч


Да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот, повика пратеник од Златна зора Константинос Барбарусис за време на денешната расправа во грчкиот парламент, додека по барање на претседателот на парламентот и со согласност од останатите партии, Златна зора нема да учествува во останатиот дел […]

ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот се погазени државните и националните интереси


  Зоран Заев недостоинствено ги погази државните и национални интереси на Македонија. Зоран Заев одлучи да прифати промена на уставното име, да ја проблематизира националноста и да се откаже од историјата, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Заев планира со просто мнозинство да изгласа во Собранието штетен договор кој подразбира менување на Уставот за што е […]

Над 6.000 Македонци заминаа на продолжен викенд во Грција


На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила поради продолжениот викенд во Македонија, но не се чека подолго од десетина минути. Во изминатите 24 часа од земјата излегле 12.000 патници од кои 6.500 се македонски граѓани. – Гужвата од возила и автобуси во моментот е голема, но задржувањето на патниците не е подолго од […]

Протести во Атина и во Преспа за договорот со Македонија


Од петок во 10 часот ја започнуваме нашата битка за Македонија, велат организаторите на протестите во Атина и Преспа, преку социјалните мрежи и ги повикуваат граѓаните на централен собир пред грчкиот Парламент вечерва во 20 часот. „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ под слоганот „Македонија значи Грција“ организира протести во следните три дена […]

Стартува имплементацијата на договорот: „Северна“ ќе се вградува од Преспа до Брисел


Стартува процесот на имплементација на договорот за името што го заокружија премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Двајцата шефови на влади треба и да се сретнат повторно во наредните денови за да стават потпис на решението што го постигнаа, а кое експресно наиде на позитивен одек кај меѓународната заедница. Иако […]

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам


Муслиманите воМакедонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска […]

Здравство за сите – со сила!


Роберт Несими Гледајќи ги последните настапи на Министерството за здравство во врска со одливот на здравствените работници од државата, не можев, а да не се потсетам и да не направам паралела со сличен настап на режимски мегафон во една друга пригода. Беше тоа времето кога ЕУ ни ги укина визите и граѓаните на Македонија првпат […]

What does Greece’s non-paper contain?


The non-paper published by the Greek media contains an assessment of the successes achieved by Athens through the agreement with Macedonia. In general, Athens praised the agreement in line with the national red line for a compound name with a geographical qualifier for erga omnes use, which has been the same for the past 20 […]

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, дневната од 17 до 29 степени, а вредноста на УВ индкесот ќе изнесува осум. Во […]

СДСМ: Граѓаните последниот збор ќе го имаат на референдум!


Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор, што од денеска е на увид и пред сите наши граѓани, ги штити врвните национални и државни интереси. Нема дилеми, договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет, сметаат во СДСМ. „Никој повеќе да не оспорува или негира македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка. Тие се обезбедени еднаш засекогаш. Договорот […]

Грчкиот парламент расправаше до два часот по полноќ за договорот со Македонија


Пред два часот по полноќ заврши првиот дел од расправата во грчкиот Парламент по доставениот предлог од Нова демократија за гласање недоверба на Владата. Пратеници од сите партии вчера го изразија нивниот став околу договорот постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Расправата се движеше во очекуваните рамки, од опозицијата ја обвинија Владата дека […]

ВМРО-ДПМНЕ в недела во Битола ќе организира протестен марш за името


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и партијата нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име, а в недела ќе организира протестен марш, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вечерашната седница на Извршниот комитет. Како што рече Мицкоски ИК едногласно заклучил дека станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси […]