Денеска е светски ден на предвреме родените деца


Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство денеска ќе го одбележи 17 ноември, светски ден на предвреме родените деца. По тој повод, вечерва ќе се одржи Свечена академија. Клиниката информира дека целта е да се подигне јавната свест на сите чинители во општеството за децата кои се раѓаат пред утврдениот термин.

Средба на Нимиц со преговарачите на 11 и 12 декември во Брисел


Медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц ќе се сретне со преговарачите на Грција и Македонија на 11 и 12 декември во Брисел, соопшти вечерва портаролот на Генералниот секретар на Обединетите Нации. Оваа средба од процесот за наоѓање заедничко прифатливо решение на спорот со името претходно беше најавена за 20 ноември, но беше одложена од технички […]

Дефекти во Прилеп поради дождовите


Поради обилните врнежи денеска во Прилеп имаше повеќе дефекти во водоводната и канализациската мрежа со поплавени улици и куќи. Вечерва жителите на прилепската улица „Кузман Јосифоски Питу“ ќе останат неколку часа без водоснабдување поради пукната цевка,зјави директорот на прилепското ЈКП „Водовод и канализација“ Емил Јанески кој заедно со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски го посети местото […]

Кежаровски: Не смееме да ги затвориме очите и да бидеме неми набљудувачи


Новинарот Томислав Кежаровски вечерва пред огромна публика и со мноштво емоции ја промовираше својата прва книга „Живот во кутија“, што е приказ за неговиот осуммесечен притвор во затворот Шутка. – Целта е таму некаде далеку, ама може да стасаме ако одиме кон неа по добро исцртани патеки. Мора да бидеме едни до други. Нема вакви […]

ОБСЕ загрижени за мерките на САД и Русија кон медиумите


Претствникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите Арлем Дезир денеска изрази загриженост поради низата мерки на САД и на Русија, со кои бараат од медиумите од други држави да се регистрираат како „странски агенти“. – Апелирам и САД и Руската Федерација повторно да размислат и да се воздржат […]

Хашкиот трибунал ќе престане со работа на 21 декември


Церемонијата за затворање на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, ќе се одржи на 21 декември во Хаг, а 10 дена подоцна тој официјално ќе прекине со својата работа, информираат неименувани извори од Трибуналот. До крајот на ноември Трибуналот во Хаг треба да ги заврши сите случаи на воени злосторства на прва и […]

Сообраќајка кај Облешево, три лица се повредени


Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево во 17.50 часот се случи на магистралниот пат А3 Кочани – Штип, кај село Облешево. Како што дознава МИА, во сообраќајната несреќа учествувале автобус и патничко возило. Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кочани. Сообраќајот на магистралниот пат А3 Кочани – Штип кај село Облешево […]

Димитров-Бутарис:Од извонредно значење за довербата е комуникација меѓу граѓаните на двете земји


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска оствари средба со градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, на која разговарале за модалитетите за унапредување на соработката во повеќе области, вклучително и на локално ниво. Соговорниците, како што информираат од МНР, се согласиле дека комуникацијата меѓу граѓаните на двете земји е од извонредно значење во […]

Лавров: Да се измени Механизмот за истражување на хемиските напади во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска најави дека Русија нема да ја поддржи американската Предлог-резолуција во Советот за безбедност на Светската организација, за продолжување на мандатот на Заедничкиот механизам на ОН и на Организацијата за забрана на хемиското оружје за истражување на химиските напади во Сирија. Според него, со американската Предлог-резолуција се предвидува […]

Заев: Нудиме помош за засегнатите во поплавите во Грција


Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција. Во писмото Заев истакнува дека сочувствува со семејствата и роднините на загинатите, повредените, како и со граѓаните погодени од поплавите, соопшти владината прес-служба. – Би сакал да ја нагласам нашата подготвеност […]

Пратениците расправаа кои да бидат заменици на генералниот секретар на Собранието


Пратениците од Собранието на Република Македонија на четвртото продолжение на 8. седница денеска расправаа по предлог одлуката за именување на функцијата заменици на Генералниот секретар на македонското Собрание. Според пратениците од опозицијата изборот на петмина заменици на генералниот секретар на македонското Собрание е создавање дополнителни трошоци и задоволување на внатрепартиски и коалициски пресметки. Побараа да […]

Гремингер побара долгорочни структурни реформи


Премиерот Зоран Заев пред генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, ја потврди заложбите за продолжување на демократските процеси за кои се очекува да резултираат со полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО. „Ја потврдивме цврстата определба на новата влада за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на реформскиот процес. Работиме […]

Иванов упати сочувство до грчкиот претседател за жртвите во поплавите


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, по повод катастрофалните поплави во неколку градови во Грција. – Со жалење ја примив веста за катастрофалните поплави кои ги погодија градовите Мандра, Неа Перамос и Мегара и предизвикаа вистинска трагедија во вашата земја. Искрено жалам за загубените животи од оваа […]

Електронскиот волшебник Дру МекДоул доаѓа на фестивалот „Десонанз“


Легендарниот електронски волшебник Дру МекДоул ќе настапи на фестивалот „Десонанз“ во Скопје, кој ќе се одржи на 17 ноември со почеток во 23:00 часот во просториите на Младинскиот Културен Центар. Дру МекДоул е култна фигура во историјата на електронската музика и човекот кој како композитор и продуцент е одговорен за голем дел од психоакустичната магија […]

МЗШВ: Дополнителна субвенција за лозарите, стопроцентно обештетување за јазлеста кожа


Лозарите ќе добијат дополнителни два денара субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарии. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Владата. За оваа дополнителна субвенција, барањата ќе може да се поднесуваат до 25 декември. На вчерашната владина седница донесена е и одлука за обештетување на сточарите кои претрпеа штети од угинатите говеда поради болеста […]

Нухиу: Мигрантите во постојан обид за нелегален влез во Македонија


„Иако западно-балканската рута за мигранти официјално е затворена, сепак имаме секојдневни обиди за нелегален влез на мигранти на територијата на Република Македонија, кои сами, или со помош на криумчари сакаат да влезат на нелегален начин и да транзитираат низ територијата на Република Македонија кон земјите од Западна Европа. Со помош на странските полициски службеници, кои […]

ДОЖДОТ НАПРАВИ ШТЕТИ: Прокисна Драмски театар, поплавен подот на Музеј на Македонија


Прокиснати кровови, насобрана вода на подовите, навлажнети ѕидови. Ова е денешната слика во неколку културни институции низ земјава, како последица на интензивните врнежи од дожд овие денови. Проблематично е што овие национални институции постојано се затекнати од ваквите ситуации при врнежливо време. Претставници на Министерството за култура заедно со министерот Роберт Алаѓозовски и заменик-министерот Владимир […]

Зошто „Независен“?


Македонскиот информативен простор од денес ќе го збогатиме со уште еден информативен портал, а наскоро и со нов дневен весник. Под заедничко име „Независен“ ќе се обидеме да и додадеме моќ на информацијата, како еден од новите медиуми што сакаат да го искачат повторно на „пиедестал“ новинарството во земјата. Зошто ни треба „Независен“ и зошто […]

Македонските партии се европски „џинови“ – според бројот на членови


Најголемите европски партии заостануваат далеку зад партиите во Македонија во однос на бројот на членови. Во нашата земја, вкупно 13 отсто од жителите членуваат во една од трите најголеми партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ, додека членството во највлијателните европски партии не епоголемо од 2 отсто од популацијата – според Компаративната студија за изборните недостатоци во […]

Дождот не престанува, можно е излевање на водотеците


Најмногу дожд изминатите шест часа наврна во Гевгелија, 30 литри на метар квадратен, во Крушево 21 литар, во Демир Капија и Прилеп 19 и во Охрид и Битола 16 литри. Ако врнежите продолжат со очекуваниот интензитет, предупредува УХМР, можни се излевања на малите водотеци, додека големите имаат капацитет да ги примат врнежите без да се […]