Александар Маленко ќе раководи со Пливачката федерација на Македонија во наредните четири години


Александар Маленко доби мандат да раководи со Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) во наредните четири години. Неговата кандидатура ја поддржаа 12 делегати од присутните 22 на денешното изборно Собрание на ПФМ во Скопје на кое за ривал за функцијата го имаше Миро Крстевски. Досегашниот прв човек на македонското пливање, Александар Коцевски, ќе биде дел од […]

Европскиот ракометен првак на ниво: Вардар му зема мерка на Рајн Некар Левен


Вардар го совлада Рајн Некар Левен со 30:26 во дербито на осмото коло во ракометната Лига на шампиони што ЕХФ, патем, го прогласи и за меч на неделата. За европскиот првак ова е седма победа со која се зацврсти на чело на табелата во групата А со 15 бода, четири повеќе од нивниот денешен ривал. […]

Владите на Македонија и на Бугарија ќе договараат конкретни проекти


Сорaботка во случај на непогоди, помош за обука на македонската армија, поддршка во областа на телекомуникациите и енергетиката… се дел од проектите за кои ќе расправаат владите на Македонија и на Бугарија, на првата заедничка седница, што ќе се одржи следната седмица. Настанот е закажан за 23 ноември (четврток) во Струмица. Како што соопштуваат од […]

Ракомет: Бешикташ му нанесе петти пораз на Металург во ЛШ


Ракометарите на Металург загубија на гостувањето кај Бешикташ со 29:32 во меч од осмото коло во Лигата на шампиони. Поразот во Истанбул го остави македонскиот вицепрвак на претпоследното место на табелата во Д групата и без шанси за презимување во Европа. Металурзи одлично почнаа во Истанбул. Имаа игра и водството по првото полувреме со 15:13 […]

Владата реши: Повисоки даноци за повисоки плати


Граѓаните со високи плати од јануари идната година ќе одвојуваат повеќе пари од бруто платата за придонеси. Владата на вчерашната седница одлучи највисоката месечна основица за пресметка на придонесите да ја помести од 12 на 16 просечни плати. Тоа значи дека оние чија месечна плата изнесува 16 или повеќе просечни плати, што во моментов изнесува […]

СЈО влегува во тимот за реформа на прислушувањето


Претставници на Специјалното јавно обвинителство ќе се вклучат во работната група за реформи на следењето на комуникациите, со цел примена на препораките на европскиот експертски тим на Рајнхард Прибе. Оваа новина е усвоена на вечерашната владина седница, со што се дополнува одлуката за формирање работна група за примената на планот за спроведување на препораките. Како […]

Рахој во посета на Каталонија


Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска планира да ја посети Каталонија за прв пат од воведувањето на директната власт на Мадрид над регионот. Рахој ги свика регионалните избори за 21 декември и ќе присуствува на предизборен митинг во кој се надева дека ќе ги убеди гласачите Каталонија да остане во рамките на Шпанија. Уставниот суд на […]

Новинарските здруженија во Србија незадоволни од судска одлука


Новинарските здруженија во Србија и повеќе невладини организации реагираат дека одлуката на Јавното обвинителство во Белград за отфрлање на кривичната пријава за напад врз новинарите за време на претседателската инаугурација на Александар Вучиќ е срамна и неприфатлива и дека со неа, како што се наведува, се „легализира насилното спречување на новинарите да ја вршат својата […]

Со 2.28 промили алкохол се превртел кај Делчево


Чтириесет и деветгодишниот И.С. од делчевското село Ветрен се здобил со тешки повреди откако се превртел со автомобилот „фиат добло“ што го управувал без регистарски таблички. Несреќата, како што соопшти МВР, се случи во петокот околу 17.30 часот на магистралниот пат близу Очипала кај Делчево. Возачот е префрлен во Медицинскиот центар во Штип. По извршеното […]

Изгласана одлуката за пренамена на 1,6 милијарди денари помеѓу буџетските корисници


Со 51 глас „за“, 25 „воздржани“ и ниту еден „против“ Собранието на Република Македонија денеска ја усвои одлуката за прераспределба на 1,6 милијарди денари меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите. Министерот за финансии Драган Тевдовски предб пратениците образложи дека се крати од ставки кои нема да се реализираат, а тие средства ќе […]

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во ланската кампања платила 219.000 евра


Поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година на денот на почетокот на предизборната кампања, на 21 ноември, ангажирала две странски компании специјализирани за односи со јавност и креирање стратегии, за чии услуги, согласно договореното исплатила вкупно 219 илјади евра. Нема детали и извештаи што сработиле, но парите се исплатени и тоа 73 илјади евра месечно. […]

Земјоделците ќе плаќаат персоналец и за суми под 300.000 денари


Земјоделците кои не се регистрирани по Нова година ќе плаќаат данок за секој продаден килограм од производите. Ова го предвидуваат измените во Законот за персонален данок на доход кои се веќе во собраниска процедура. Според сегашната регулатива, земјоделците кои на годишно ниво од продажба на своите производи остваруваа приход до 300.000 денари се целосно ослободени […]

Приведен разбојник на „Халк банка“


Полицијата го уапси Е.М. (29) од Скопје, поради сомневање дека учествувал во неодамнешниот грабеж на експозитура на „Халк банка“ во скопската населба Бутел. Според документираните сознанија од истрагата, пријавениот заедно со уште две, засега непознати лица, на 03.11. околу 09,25 часот на улицата „Александар Урдаревски“ извршил разбојништво врз четири вработени во банката и врз еден […]

Собранието одлучува за училиштата, министерствата…


На дневен ред на Собранието на Република Македонија денеска има само една точка – предлог одлуката на Владата за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Владата на Република Македонија вчера ја усвои оваа предлог одлука. Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши  за да се обезбедат […]

Мексико: Пронајдени 371 килограми хероин во „државен“ камион


Мексиканските власти заплениле над 371 килограм кокаин, кој преку американската граница бил транспортиран во камион со ознака од државен Институт за социјално осигурување. Мексиканските војници, кои го проверувале камионот, ја пронашле дрогата во мобилен медицински скенер. Упасени се три лица, кои тврдат дека се вработени во Институтот. Но, институтот негираше дека кој било од вработените, […]

Зголемен водостојот на реките и на Дојранското езеро


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира повисоки водостои во однос на просекот за ноември на Вардар кај Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија, како и на Брегалница кај Берово. Значително е зголемен водостојот на Дојранското езеро, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се во рамки на просекот. Под просекот за ноември се […]

Why Independent?


From this week the media world in Macedonia will welcome a new online newspaper and soon, it will also include a new daily newspaper. By naming it “Independent”, we will attempt to make news more reliable, being a new media with the scope of raising the bar for journalism in our country. Why do we […]

Кираџија чувал дрога во буре


Триесет и двегодишен жител на Тетово е приведен од полицијата поради сомневање дека во станот во кој што живеел под кирија, чувал дрога. Според МВР, акцијата била реализирана во четвртокот во стан на улицата „146“, каде како потстанар живеел А.Г. (32) од Тетово. „При претресот во станот била пронајдена наркотична дрога марихуана со тежина од […]

Гремингер: Имате единствена можност за напредок


Успешното надминување на политичката криза и тековните напори за спроведување на владината реформска агенда нудат единствена можност за напредок, порачал генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, за време на дводневната посета на Скопје. „Сите актери треба да ги здружат силите во зајакнувањето на демократските процеси и враќањето на довербата во институциите во земјата, воспоставувајќи ефективни […]

Во Зимбабве протестираат и плачат од среќа


Хараре – Илјадници граѓани на Зимбабве денеска ги преплавија улиците на Хараре, мавтајќи со национални знамиња и пеејќи и танцувајќи воодушевено го чекаа падот на претседателот Роберт Мугабе. “Ова се солзи радосници, целиот мој живот го чекав овој ден. Конечно сме слободни”, изјави 34-годишниот Франк Муциндика за Ројтерс, со знамето на Зимбабве. Учесниците на протестниот […]