Земјоделците ќе плаќаат персоналец и за суми под 300.000 денари


Земјоделците кои не се регистрирани по Нова година ќе плаќаат данок за секој продаден килограм од производите.

Ова го предвидуваат измените во Законот за персонален данок на доход кои се веќе во собраниска процедура. Според сегашната регулатива, земјоделците кои на годишно ниво од продажба на своите производи остваруваа приход до 300.000 денари се целосно ослободени од плаќање персоналец. Нормираните трошоци значат дека овие лица ќе плаќаат персоналец во износ од два отсто од вкупните приходи. Измените предвидуваат ако зеленчукот или овошјето го купиле регистрирани фирми или физички лица, тие ќе имаат обврска да го пријават и платат данокот во име на емјоделецот. Нормираните трошоци значат дека овие лица ќе плаќаат персоналец во износ од два отсто од вкупните приходи.

Земјоделците кои вршат продажба директно на физички лица ќе имаат обврска самите да ги пријавуват приходите и да си плаќаат данок. Лицата кои продаваат сопствени земјоделски производи на зелените пазари, како и досега, ќе бидат паушално оданочувани. Нема пресметка колку пари во државниот буџет ќе донесат овие измени.

Димитар Апасиев, член на Левица, на својот фејсбук профил ја критикуваше оваа мерка за оданочување на земјоделците без оглед на нивото на приходите.Тој напиша дека владата и Министерството за финансии работат спротивно од тоа што го најавувале и тоа што го напишале во програмата а тоа е намалување на даночното оптоварување за сиромашните. Апасиев револтирано ја запраша владата дали е правилно да се оданочува ситниот земјоделец кој заработува по 5.000 евра годишно, односно по околу 400 евра месечно кои досега беа ослободени од данок, додека нема поголем данок за бизнисмени како Кочо Анѓушев од редовите на новата влада кои имаат милиони.