Во Зимбабве протестираат и плачат од среќа


Хараре – Илјадници граѓани на Зимбабве денеска ги преплавија улиците на Хараре, мавтајќи со национални знамиња и пеејќи и танцувајќи воодушевено го чекаа падот на претседателот Роберт Мугабе.

“Ова се солзи радосници, целиот мој живот го чекав овој ден. Конечно сме слободни”, изјави 34-годишниот Франк Муциндика за Ројтерс, со знамето на Зимбабве.

Учесниците на протестниот марш против Мугабе ги прегрнуваат војниците, извикувајќи “Оди си, оди си, наш генерале” и носат транспаренти со натписот “Не на династијата Мугабе”.

Членовите на опозицијата и другите противници на Мугабе ги повикаа граѓаните на денешниот протест во Хараре барајќи од Мугабе да ја напушти власта, а армијата на Зимбабве соопшти дека го поддржува собирот.

Вчера, на денот кога Мугабе првпат се појави во јавноста откако неговата земја влезе во политичка криза, неговата владејачка партија исто така го повика претседателот да поднесе оставка.