Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Исклучително важен ден: добивате важни совети од некоја здраворазумска личност, со која ќе ги надминете варварските однесувања во околината. Инструкции по кои доаѓате до ослободување и шокантна промена: конечно и вашите чаши се прелеваат и се чувствувате блажено бидејќи созревате на време. Самодоверба.

БИК: Велат дека имотот вреди, а умешноста уште повеќе: материјалните работи се со минлива вредност, а талентите остануваат. Денес вложувате поголем напор да останете во ритам со времето и да ја задржите својата индивидуалност: негувајте го знаењето бидејќи тоа ве прави богати и служете му на секој умен човек кој што го среќавате.

БЛИЗНАЦИ: Вниманието е поделено: наместо да славите бидејќи вашето време доаѓа, вие сте фокусирани на случувањата во јавноста. Груби и нетактични зборови – вистинската мера на лекот лежи во дозата. Најдете начин да се едуцирате пред важните потфати, за да не оставите површен впечаток. Средба со помлада личност и финансиски успех.

РАК: Темелни и упорни, правите сè што можете да се покажете во најдобро светло, особено на работен план. Партнерското поле кажува дека не смеете да барате заслуги единствено за својот напор, бидејќи тоа би можело да доведе до пад: нема потреба да напредувате по секоја цена. Опуштете се и саканото ќе си дојде во сопствено време.

ЛАВ: Нема потреба од крутост: можеби е време за штедење, но само во финансискиот сектор. Афективниот не треба да остане ладен. Фундаментално различен пристап кон работите, со кој што ќе го подобрите односот со околината. Овие промени се постепени, затоа побарајте помош или дајте ја каде што треба: зборот светилка не пали светло.

ДЕВИЦА: Дел од минатодневните ангажмани е веќе завршен и сега треба да ѝ се препуштите на вербата: она што ви се чини неразумно ќе остане во минатото. Ова не е време за шпекулирање, туку за сериозна конструкција која што ќе има стабилни стандарди. Чујте го сопствениот ритам и препуштете му се на текот, како да лежите на морски бран.

ВАГА: Вчерашниот успех не е на денешното мени: имате услови за финансиски просперитет, но ќе треба добро да ги разгледате сите опции. Можеби ви е потребен одмор и релаксација: не губете надеж ако работите не се движат по вашето темпо. Откријте што е она во вас што ги вознемирува блиските и коригирајте се. Одморете малку.

СКОРПИЈА: Сега веќе мудро ја разбирате природата на нештата: задоволни и исполнети, ќе сакате да ги споделите своите сознанија со друштвото. Како да сте голема армија која што е поврзана со некој повисок идеал. Месечината во Јарец ве повикува да се преслушате и да најдете нови начини за афирмација: потпрете се на интуицијата. Медитација.

СТРЕЛЕЦ: Се потпирате на советите на некоја госпоѓа со сензитивна природа: таа е верен придружник, на кој што може да се потпрете во секое време. Продлабочување во пријателствата, лојалност и финансиска благосостојба: успешно ги привршувате започнатите проекти. Внимавајте на провокации од страна и ќе избегнете аргументи.

ЈАРЕЦ: Бавните планети во вашиот знак ви носат судбински средби со важни личности: од вас се бара поголем ангажман, но не дозволувајте благородните цели да се претворат во тиранска опресија. Сетете се дека имиџот е само театарска ролја и дека вие сте задолжени за тоа дали и понатаму ќе ја носите истата маска или не. Брзи и нагли заклучоци.

ВОДОЛИЈА:Пријателите се тука да ве освестат и да ви дадат важни информации за природата на животот: можеби ќе ви треба време да го процесирате сето ова, но тоа нема да е залудно. Го гледате светот како на филмска лента и ја разбирате својата улога во целата какофонија. Како да сте дворска будала: бидете оригинални и спонтани.

РИБИ: Времето на неизвесност е при крај: каде и да се упатите, таму се соочувате со себе. Можете ли да побегнете од својата сенка? Ќе успеете само ако научите да го почитувате факторот за време и да чекорите бавно кон саканата цел. Вооружете се соодветно и внимавајте да не се повредите при тоа. Користете ја својата искусна страна.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]