За прв пат по инцидентот во Белата куќа: Американските и украинските претставници ќе се сретнат во Ријад


Високи американски и украински претставници ќе се сретнат следната недела во Саудиска Арабија за да разговараат за напорите за постигнување прекин на огнот во војната со Русија.
Тоа ќе биде прва средба на високо ниво меѓу земјите по јавната расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски во Овалната соба минатата недела.

Конфликтот доведе до криза без преседан меѓу САД и Украина и прекин на испораката на американско оружје и споделување разузнавачки информации со Украина, пишува Аксиос.

Средбата во Саудиска Арабија уследи по слична средба што американските власти ја имаа со нивните руски колеги во Ријад пред две недели.

Тој состанок предизвика вознемиреност и гнев кај украинските лидери бидејќи тие не беа поканети да учествуваат.

Претстојната средба беше закажана за среда за време на телефонскиот разговор меѓу советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Валц и началникот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, а треба да се одржи во Ријад со претставникот Стив Виткоф и државниот секретар Марк Рубио.

Самиот Володимир Зеленски се очекува да ја посети Саудиска Арабија следниот понеделник и вторник и да се сретне со престолонаследникот Мохамед Бин Салман.