Ќе има минимално поевтинување на струјата
Ќе има минимално намалување на цената на струјата, најавуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Подготвителната седница за цената на електричната енергија е закажана за утре, по што е најавена прес-конференција на која претставници на РКЕ ќе објават колкаво ќе биде намалувањето.