Јордан Камчев не е веќе во Одборот на директори на ЗИК „Пелагонија’


По предлог на акционерите на ЗК „Пелагонија“ Цветан Панделески и „Орка холдинг“ Скопје, Собранието на акционери избра нов Одбор на директори на Комбинатот. Следните четири години во Одборот на директори ќе бидат Цветан Панделески, Весна Белешовска Бунтеска, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдоска и Томислав Давков.

Во новото управно тело на ЗК „Пелагонија“ ги нема Јордан Камчев и Тодор Мирчевски, чиј мандат истече и не се реизбрани.

Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ ја извести Македонската берза за измените во органите на управување.