Јапонија ја погоди најсилен тајфун во последните 25 години
Западниот дел на Јапонија го погоди насилниот тајфун во последнте 25 години, кој донесе обилни врнежи дожд и ветрови, а локалните медиуми јавија дека се откажани летови и железнички услуги.
Тајфунот Џеби го погоди јужниот дел на префектурата Токушима, на островот Шикоку, соопшти јапонската метеоролошка агенција.
Фабриките, трговските центри и други објекти, меѓу кои и Јуниверзал Студиос, популарен тематски парк во Осака, се затворени.
Јапонските авиокомпании откажаа повеќе од 700 локални и меѓународни летови.
Категоризиран како „многу силен“, Џеби е најсилниот тајфун кој ја погодил Јапонија од 1993 година. Тајфунот патува со брзина од 60 километри на час, а ветровите во неговиот центар дуваат со брзина од околу 216 километри на час.
Премиерот Шинзо Абе ја откажа посетата на југозападните префектури. На состанок на штабот за справување со катастрофи, Абе повика на евакуација на населението како мерка за претпазливост.
Мала е веројатноста дека тајфунот ќе се доближи до Токио.