Ѓоковиќ го совлада Димитров за четвртфинале во Синсинати


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако во три сета го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Натпреварот од третото коло се играше два дена, а дуелот меѓу двата тенисери започна вчера, но поради дожд мораше да биде прекинат и продолжи денеска.

Ѓоковиќ до победата дојде се 2:6, 6:3 и 6:4 по сетови за два часа и 20 минути игра.

Првиот сет му припадна на Димитров, но српскиот тенисер успеа да направи пресврт и ги освои останатите два сета.

Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против канадскиот тенисер Милош Раониќ.