Шкендија против Розенборг за место во групната фаза од Лига Европа


Македонскиот шампион Шкендија во баражот за пласман во групната фаза од Лига Европа ќе се соочи со норвешкиот клуб Розенборг.

Првиот натпревар меѓу Розенборг и Шкендија ќе се игра во Норвешка на 23 август, а реваншот во Скопје на 30 август.

Претходно, македонскиот првак беше елиминиран од Салцбург во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.