Шин Бет: Турција поддржува перење на пари од страна на Хамас


Израелските власти ја обвинија Турција дека поддржува акции поврзани со перење на пари од страна на палестинското движење Хамас.

– Турски претставници ги затвораат очите и повремено ги охрабруваат обидите на Хамас за трансфер на пари од Турција за Западен Брег, се посочува во соопштението на израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет.

Според Шин Бет движењето Хамас испратило милиони долари во Појасот Газа од Турција.

Таквото обвинување може да ги зголеми тензиите помеѓу Тел Авив и Анкара.

Односите помеѓу Израел и Турција се подобрени последните две години, откако подолг период беа тензични откако изралески командоси упаднаа на турски брод што пренесуваше хуманитарна помош за Појасот Газа. Во акцијата на израелските командоси на 31 мај 2010 година загинаа десет турски државјани.