Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, не мислам дека е точна таа проценка


Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на ТВ 24 коментирајќи ја изјавата на Артан Груби дека е постигнат договор за името, вели дека далеку е од такво нешто.

„Груби изгледа е голем оптимист. Не мислам дека е точна таа проценка. Во спорови кои траат толку долго, нијанси одлучуваат. И се додека немате договор, сте далеку од договор. Ние посакуваме проблемот побрзо да се реши. Но, додека немаме предлог на маса, рано е да се кажува дека остануваат уште деталите. Јас би била многу попретпазлива“- изјави Шекеринска.

Таа вели дека Балканот не треба да биде извор на конфликти.
Со преименувањето на автопатот според неа, Македонија ќе покаже дека е еден поинаков сосед.

Шекеринска вели дека за 10 години Македонија плати висока цена.