Хрватската армија ќе помага за чистење на снегот


И хрватската армија ќе се вклучи во чистење на снегот во делови од Хрватска, откако снежните врнежи предизвикаа големи проблеми во делови од државата. Снегот и понатаму го отежнува сообраќајот во Лика, Горски Котар, централниот и северозападниот дел на земјата, а некои училишта се затворени.

Поради силниот ветар во сила се вообичаените ограничувања на некои делови од патиштата и автопатите, а во поголемиот дел од подрачјата каде снегот создава тешкотии, не се одржува настава.

Слична е ситуацијата и на патиштата во поголемиот дел од БиХ, а во едно училиште во Крупа не се одржува настава. Патиштата се исчистени, но не се безбедни за сообраќај, по што локалните власти одлучиле училиштето да остане затворено