Хороскоп: Ракови внимавајте, лавови не славете предвреме
ОВЕН: Би можеле да се соочите со неизвесност поради лошо водените материјални работи – немојте да тежнеете кон снобизам и елитизам, нема да ви оди во прилог. Поради немањето дисциплина, еродираат вашата сигурност и стабилност. Бидете почесни во своето работење.
БИК: Се чувствувате заглавено поради некоја загуба и нереалните желби. Не си дозволувајте да бидете отсечени поради тагувањето и жалоста, туку соочете се со она што уште го имате. Вашата блокада е од внатрешна природа, па штом ја отстраните од себе, ќе бидете посреќни сега.
БЛИЗНАЦИ: Имате голема сила со која можете да ги надминете и најсилните препреки – тешкотиите ги разјаснувате и решавате, како пеперутка која за прв пат ги отвора крилата. Иако постои опасност, сепак ослободете се од рутината на животот. Подарок или документ.
РАК: Внимавајте денешната ароганција и преголема самодоверба да не ве доведат до целосно непријатна ситуација. Се гордеете со неважни остварувања и имате страв од неуспех, а со лажни надежи. Не дозволувајте да бидете исфрустрирани поради бескрајните одолговлекувања
ЛАВ: Ова е променливо време и можеби ќе успеете да завршите важна работа, но под очекувањата. Не славете предвремено и не ја разгласувајте својата победа пред да сте сигурни и самите. Бавно, но постојано напредување, со кое ја акумулирате својата физичка сила. Одмор.
ДЕВИЦА: Денес наликувате на генерал кој одлучува кога е поволно да дејствува – имате верба во традиционалните методи, но избирајте луѓе со кои ќе биде вредно да се борите. Учите, истражувате и добивате информации, а може да имате посета од важен гостин. Инспирација.
ВАГА: По подолго време успевате да постигнете моќно влијание врз другите. Размислувате за далечни цели и имате визии за во иднината. Се соочувате со влијанието од минатите одлуки, земајќи ја во предвид сегашната состојба на работите. Денес сте одговорен лидер со нови идеи.
СКОРПИЈА: Сега е добро да направите пауза во тековните работи, за да видите каде стоите. Спремајте се за финалната битка, акумулирајќи сила пред можните искушенија и проблеми. Спремни сте за сѐ и конечно зацртувате граници. Знаете дека се ближи времето да се истакнете.
СТРЕЛЕЦ: Бидете сигурни во себе и чекајте да дојде вашето време – предвремените дејствија ќе бидат неповолни. Страсни и сензуални, доаѓате во центарот на вниманието и вашите финансии се движат во нагорна линија. Витални и харизматични, посегнувате по она што е ваше
ЈАРЕЦ: Светот се отвора пред вас и убави работи влегуваат во вашиот живот. Може да очекувате признанија кои вредно ги заслуживте. Средба со личност која не сте ја виделе долго време и поволни вести на економски план. Конечно имате прилив на нови работи и информации сега.
ВОДОЛИЈА: Среќни сте, но треба да внимавате на темпераментот, бидејќи може од преголема возбуда да се повредите себе, но и другите. Вашето расудување сега не е на ниво, па не се обидувајте да успеете по секоја цена. Воздржете се и ако е потребно, повлечете се на кратко.
РИБИ: Ќе биде добро да внимавате на зголемената ароганција и опасна самоувереност, како резултат од минатите успеси. Не дозволувајте си такво будалесто однесување – вие можете и подобро од тоа. Нептун ве буди од сонот и ќе откриете кои ваши надежи биле залудни. Суета.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ