Хороскоп: Вагата успева, скорпијата е жртва
ОВЕН: Сонцето во Рак ви предизвикува одредена несигурност и пред вас се појавуваат пречки поради кои не може да напредувате. Добро е да ги испитате своите мотиви и да се прашате дали се ставате на прво место, секогаш и пред сите. Ако не ви се работи, повлечете се. Одмор.
БИК: Планетарната слика може да ве стави во ситуација да делувате побрзо отколку што треба – не преземајте никакви дејствија во непознат правец и не дозволувајте нетрпеливоста да ве доведе до лоши решенија во однос на љубовта, работата, патувањата или духовното будење.
БЛИЗНАЦИ: Денес постигнувате материјална благосостојба и уживате во богатството и блиските луѓе. Вашите финансиски грижи остануваат во минатото и инвестирате во домот и семејството. Би можеле да одлучите да дарувате или вам да ви дарат нешто вредно. Уживање со саканите.
РАК: Сонцето во вашиот знак ќе ви отвори судбински патеки – сосема неочекувано среќата се движи во ваш правец и ѝ се препуштате на судбината со голема среќа и задоволство. Успешни ќе бидете на повеќе полиња и ќе ви се отворат нови шанси следниот месец. Сѐ тече и се менува.
ЛАВ: Пред вас се појавуваат моќни поединци, а вие треба да внимавате да не ги пропуштите убавите шанси. Не дозволувајте вашата сила да биде искористена против вас, туку наметнете се со ораторски вештини и постигнете социјална софистицираност. Средба со влијателен пријател.
ДЕВИЦА: Во вас се буди виталноста и страста за животот и сега сте волни да преземете ризици со апсолутна искреност и голема креативност. Животната динамика е брза и бие сте во движење. Би можеле сосема неочекувано да појдете на пат, но и да почекате некој да ви дојде.
ВАГА: Се среќавате со некоја нежна и поетска душа, која има толку многу да ви понуди. Сега сте разиграни, романтични и спонтани и го прегрнувате животот со детска наивност. Полни со сочувство и имагинација, успевате во персоналните и професионалните врски. Нешто почнува
СКОРПИЈА: Се чувствувате несреќно и жртва на некоја ситуација. Не размислувајте како можеа да се одвиваат работите, бидејќи тоа нема да ви помогне. Соберете храброст да извлечете лекција од сѐ што се случи и признајте си дека погрешивте. Почнете пак верувајќи во себе.
СТРЕЛЕЦ: Денес е добро да сте трпеливи и да почекате на посреќни околности. Пред вас има доволно време да ги направите истражувањата кои ви се потребни. Наскоро ситуацијата ќе почне да се подобрува, а дотогаш бидете будни и трезвено одлучете што ви е најважно за сега.
ЈАРЕЦ: Можни тешкотии поради преголема растрошност или недоволно планирање на материјален план. Погледнете ја ситуацијата од друга страна и научете како може да напредувате, наместо да се фокусирате да она што го немате, осаменоста или невработеноста.
ВОДОЛИЈА: Токму пред вашиот нос ве очекува успех, кој ќе ги потврди сите ваши дела. Сепак, не дејствувајте веднаш, туку малку по малку и сосема внимателно, па така ќе напредувате ден за ден. Пред вас доаѓа убав период во кој ќе се исполнат сите ваши желби. Бидете трпеливи сега.
РИБИ: Би требало да обрнете поголемо внимание на склоноста кон трошење – не изигрувајте успешен бизнисмен кој ги користи луѓето за лични придобивки. Добро сте информирани за материјалните работи, но ги игнорирате поголемите и потешки прашања. Завист или измама.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ