Фудбалерите на Лестер допатуваа во Бангкок за погребот на газдата
Погребната церемонија започна во саботата и според будистичките обичаи трае три дена.
Тимот пристигна во Бангкок да се збогува со сопственикот на клубот по вчерашниот натпревар од 11-тиот круг на Премиер лигата против Кардиф (1:0).
Тајландскиот милијардер Вишај Шриваданапрабхи го загина на 27 октомври кога неговиот хеликоптер се урна во близина на стадионот на Лестер по домашен меч од десеттото коло со Вест Хем (1:1).