Франција и Данска ремизираа без голови и обезбедија осминафинале


Франција и Данска ремизираа без голови во натпревар од групата Ц на Светското првенство во Русија.

Во неатрактивен натпревар без многу возбудувања двете репрезентации обезбедија пласман во осминафиналето.

Нерешениот исход им одговараше и на Франција и на Данска, па затоа во текот на целиот натпревар беа фокусирани на својот гол. Францускиот селектор Дидие Дешамп ја искористи можноста да им даде одмор на дел од стандардните првотимци.

Во оваа група Франција со седум бодови е прва на табелата, а Данска со четири бодови остана второпласирана.

На вториот на вториот натпревар од оваа група, Перу ја совлада Австралија со 2:0 и го освои третото место.