(ФОТО) Пред два месеци алармиравме за заштита на наследството на Есма и Стево
„Независен весник“ на 29 јануари 2018 година, пишуваше дека се ограбува наследството на Кралицата на Ромската музика и нејзиниот сопруг, Есма и Стево Теодосиевски.
„Имаме сознанија дека мебелот и други вредни работи од Домот на хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“, на Скопското кале, кој за жал не е пломбиран, се изнесуваат и се продаваат, а на имотот околу куќата и во контејнери наоѓаме расфрлени благодарници и награди што во текот на животот ги добиле Есма, здружението и нашите помагатели, ни изјави тогаш Зорана Костовска, претседателката на хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ и управител на целиот имот, според тестаментот на Есма.
Целата статија може да ја прочитате ТУКА.