(ФОТО/ВИДЕО) Капиталец од длабочините на Јадранот: Хрват улови туна тешка 317 килограми


Хрватскиот рибар Зоран Срдарев уловил туна тешка 317 килограми во подрачјето на Кварнерскиот Залив.

Срдарев се занимава со спортски риболов 25 години, а при овој улов имал помош од соработници.

Тој наведе дека туна со оваа големина на европскиот пазар достигнува цена и од 4.700 евра.