Федерер: Сè додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е 100. трофеј
По синоќешната победа над Кевин Андерсон, Роџер Федерер се избори за полуфинале на тенискиот Мастерс во Лондон и остана во игра за 100. трофеј во кариера. Сепак, Швајцарецот смета дека се додека Новак Ѓоковиќ е во игра, ќе биде тешко да се дојде до целта.
„Се обидувам да се фокусирам на полуфиналето, а потоа да се размислува за трофејот. Сè уште не се знае мојот следен противник. И Новак ќе игра во полуфинале и кога тој е во конкуренција, патот до трофеј е секогаш тежок. Далеку е 100. титула“, изјави Федерер.
На Мастерсот во Лондон денеска на програмата се мечевите од третото коло во А-групата по кои ќе бидат познати полуфиналните двојки.
Досега место меѓу четирите најдобри обезбедија Федерер, Андерсон и Ѓоковиќ, а за последното место конкурираат Зверев и Чилиќ.