Унгарија за седум години поделила милион пасоши на дијаспората


Будимпешта – Унгарската влада соопшти дека за седум години издала милион пасоши на Унгарци во дијаспората, пред се во околните земји.Оваа постапка била спроведена согласно контроверзниот закон за двојно државјанство, донесен на иницијатива на премиерот Виктор Орбан.

– Заклетвата ја положи милионитиот нов државјанин на Унгарија, изјави вицепремиерот Жолт Семјен и го поздрави „одржаното ветување“ дадено од конзервативната Влада.Се проценува дека повеќе од два милиони Унгарци живеат во соседните земји на Унгарија, која има 9,8 милиони државјани.

Еден од првите чекори на Орбан по враќањето на власт во 2010 година, беше носење закон, со кој на Унгарците кои живеат во Романија, Словачка, Србија, Хрватска и Украина им е овозможено да добијат унгарско државјанство.